- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Карминот е еден од најпопуларните мејкап производи кој само со неколку прецизни потези може целосно да го трансформира вашиот изглед. Како совршен зачин за наједноставен мејкап изглед, карминот секогаш го носи тој посебен ефект без разлика дали избирате сјајни и романтични нежни нијанси, храбри живописни бои и мистериозни темни нијанси. Како резултат на неговиот ефектен изглед, омилениот кармин за усни секогаш ќе го држите при рака, но освен потрагата по совршена нијанса, жените секогаш се во барање на совршен и постојан кармин кој ќе трае долго. Сепак, дури и некои од најдобрите кармини чии формули ветуваат долготрајност, многу тешко го задржуваат тој совршен изглед од почетокот на денот.

Тајната на беспрекорно трајниот кармин за усни кој што подеднакво ќе изгледа добро како на почетокот на денот, се состои во едноставен и прифатлив трик кој го обожава американската актерка Jennifer Aniston, но сигурно ќе ве воодушеви и вас.

Мејкап трик за совршен кармин за усни!

Ако вашиот дневен или вечерен мејкап изглед се одлучивте да го финиширате со ефектно нанесување на кармин за усни, на почетокот на оваа рутина подгответе ги усните со нанесување на балсам за нега на усните. Откако ќе ги нанесете остатокот од мејкап производите, усните исцртајте ги и пополнете ги со молив за усни со слична боја на карминот за да ги дефинирате рабовите на усните и да ги подготвите за нанесување на карминот. После моливот за усни, време е за неколку потези со вашиот омилен кармин и еден магичен мејкап трик со кој ќе бидете сигурни дека  ефективниот и беспрекорен изглед на карминот ќе трае со часови.

Mатирачка хартија!

По нанесувањето на карминот употребете еден од омилените летни производи за шминка – матирачка хартија.

- Реклама -

Освен сјајот и потта што ќе ги задржи подалеку од вашето лице, дури за време на големата летна топлина, матирачката хартија ќе се грижи за беспрекорен изглед и издржливост на карминот. Едно ливче од матирачката хартија нежно допрете го на усните и држете го десетина секунди за да се апсорбираат вишокот на производи и како мејкап фиксатор секој кармин ќе го направите долготраен и издржлив на вашите усни.

Покрај тоа што е исклучително едноставен и ефектен, овој мејкап трик е во исто време многу прифатлив. Ако пакетче на матирачка хартија не се наоѓа во вашиот несесер, лесно ќе го најдете во најблиската парфимерија по многу поволни цена и едно пакување ќе биде доволно за голем број на мејкап изгледи со беспрекорен кармин.