La Nuit Trésor – модерното продолжение на мирисната колекција на култниот Tresor парфем од 1990 година, доби нов Lancôme мирис – La Nuit Trésor Dentelle de Roses. Дијамантскиот облик на колекционерското шише на ова ограничено издание е украсено со детали од црна чипка од високата мода.

Сензуална композиција!

Композицијата на новиот мирис опишана е како сензуална, а содржи есенција на мандарина и голема доза на комбинација на роза во јадрото на парфемот, облечена во ноти од кадифе и малина.

- Реклама -

Специјално дизајнирана црна чипка за култниот црн дијамант!

Sophie Hallette – францускиот производител на тул и чипка што постои од 1887 година, ја дизајнираше црната чипка за култниот црн дијамант. Розата на Lancôme е стилизирана во срцето на ексклузивната чипка како симбол на елеганција и заведување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lancôme Official (@lancomeofficial)

Lancôme La Nuit Trésor Dentelle de Roses е достапен во 30 и 50 мл, како Eau de Parfum.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име