- Реклама -  

После претставувањето на новите тушеви за очи и кармини од новата линија на Fenty Beauty, Rihanna едноставно не запира, сега дојде ред на долгоочекуваниот Fenty Skin! На почетокот на месец Април беше најавено дека брендот Fenty Beauty ќе влезе во светот на производите за нега на кожа, а еден месец подоцна – лансиран е Fenty Skin! На Instagram профилот на козметичкиот бренд Fenty Beauty претставена е препаративната линија која може да се набави на веб-продавницата на Fenty Beauty и во продажните места на Sephora.

Јас сум опседната со моите усни да бидат супер-меки и мазни – тоа е клучот карминот да изгледа совршено“ – напиша Rihanna на Instagram профилот.

Прво пилинг – потоа хидратација!

Fenty Skin препаративната линија содржи само два производи за нега за вашите усни за да бидат хидратизирани и меки пред нанесување на кармин: Pro Kiss’r Lip-Loving Scrubstick и Pro Kiss’r Luscious Lip Balm, а на Instagram најавија:

„Подгответе се за ултимативна нега на усните, ќе ве претвориме во #PROKISSR!“.

- Реклама -

Новитетите од препаративната линија на Rihanna – Fenty Skin најавени се со нејзина фотографија на која нанесува сјај за усни. Pro Kiss’r Lip-Loving Srubstick е пилинг кој доаѓа во форма на стик, додека Pro Kiss’r Balm доаѓа во облик на сјај за усни со сунѓерест апликатор. Балсамот за усни во себе содржи шеа и манго путер кои се заслужни за хидратација и нега на усни. Пилингот за усни е опишан како производ кој содржи мелени семки од кајсија и служи за отстранување на мртвите клетки од кожата на усните.

 

- Реклама -