Мирис кој предизвикува шок со својата смелост! Gentleman Givenchy Cologne

Класикот на брендот Givenchy, мирисот Gentleman во 2017 година ја доби својата модернизирана интерпретација – Gentleman Givenchy, по што следеше Eau de Parfum изданието од 2018 година. Во Април 2019 година, најавено е ново издание наречено Gentleman Givenchy Cologne.

Го отелотворува бунтовниот и слободен дух на Gentleman Givenchy мажот!

Gentleman Givenchy Cologne се најавува како свеж и необичен мирис кој предизвикува шок со својата смелост и живост. Ова издание, наводно го отелотворува бунтовниот и слободен дух на Gentleman Givenchy мажот.

Новиот Gentleman Givenchy Cologne во својата композиција содржи цитрусни ароми, рузмарин, ирис, ветивер и мошус. Мирисната креација е потпишана од парфимерите Nathalie Lorson и Olivier Cresp.

Gentleman Givenchy Cologne ќе биде достапен во шишенца од 50 и 100 мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *