- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

После премиерата на мирисната линија Paco Rabanne XS со своите изданија – машкиот Pure XS од 2017 година и женскиот Pure XS for Her од 2018 година, брендот Paco Rabanne го претстави првото надополнување на мирисната линија со машкиот мирис Pure XS Night.

За мисли со повеќе страст!

Новиот мирис ја продолжува приказната за заводливиот млад човек, а акцијата овој пат се одвива во текот на ноќта. Ноќта, инстинктите се будат, а во мислите се будат повеќе страсти, велат од брендот Paco Rabanne. Новиот мирис претставува предизвикувачки објект на посакување, кој во својата околина ја поттикнува желбата за забрането овошје.

- Реклама -

Огнено егзотична мирисна композиција!

Мирисната композиција потпишана од страна на парфимерите Caroline Dumur, Anne Flipo и Bruno Jovanovic, најавена е како огнено егзотична. Двојноста на топли и свежи ноти од оригиналот уште повеќе е продлабочена. Мирисот содржи голема доза на ѓумбир, експлозија на ванила и миро смола.

Paco Rabanne Pure XS Night е достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.