Руменилото е производ без кој мејкап рутината е незамислива! Руменилото го обожаваме за секој ден, го сакаме за вечерно излегување, но и во различни сезони. Меѓутоа, исто како што едноставно дава доза на руменост на вашето лице, подеднакво е лесно да претерате и да постигнете потполно спротивен ефект. Колку пати вашиот мејкап изглед пред огледало, изгледал дека е тип-топ, но потоа на дневна светлина ќе забележите дека сте претерале со руменилото. Најчести грешки кои ви се поткраднуваат со руменилото е кога го нанесувате на погрешно место или недоволно го размачкувате. Сепак, за грешките да не ги повторувате, за вас ги издвоив најчестите грешки, но исто така како и да ги избегнувате за секогаш да имате совршена шминка.
Помалку е подобро! Нанесувајте руменило постепено!
Прво, многу е важно да пронајдете добра и квалитетна четка за нанесување на руменилото за да го постигнете саканиот ефект. После тоа, следи нанесување на руменилото, а тоа може да биде незгодно бидејќи во секунда може да се претвори во мала бјути катастрофа, а мејкап изгледот да стане повеќе румен отколку што сте планирале. Без разлика на тоа каков ефект сакате да постигнете, на вашето лице нанесете малку од руменилото, а потоа почнете да го размачкувате. Многу од вас прават грешка, затоа што не го нанесуваат руменилото постепено и го добиваат спротивниот ефект, бидејќи вишокот на руменило од лицето не е толку лесно да се отстрани откако веќе сте излегле, освен ако со вас го немате вистинскиот „прибор“. Запомнете – многу е полесно да се надополнат малите „недостатоци“ при нанесувањето на руменилото, отколку да се поправи целиот мејкап изглед.
Кремасто или во прав? Изберете го вистинското руменило за вашиот тип на кожа!
Потоа, многу е важно да го изберете вистинскиот тип на руменило. Руменилото во прав или кремастото руменило нема еднакво да функционираат на секој вид на кожа, но и за секоја сезона. За почеток, најдобро е да користите кремасто руменило што лесно се размачкува по јаболкниците, бидејќи со руменилото во прав може да имате несакани ефекти – ако не сте „експерт“ – многу лесно може да се случи да нанесете премногу. Ако ви се чини дека сé правите исправно, а резултатот сеуште е незадоволителен, проблемот може да се крие во начинот на нанесување. Ако употребувате руменило во прав, секогаш прво нанесете фиксатор, за подлогата да не добие изглед како „торта“. Од друга страна, ако вашиот избор е кремасто руменило, нанесете го на подлогата, а потоа фиксирајте ја целата шминка.