Овошна и гурманска верзија на мирисната линија Black Opium пристигнува со новото издание Yves Saint Laurent Black Opium Neon, кое во парфимериите ќе пристигне од јануари 2020 година како мирис кој зрачи со топлина и зачинска сладост. Верзијата на Neon мирисот продолжува со гурмански потпис за кафе, кој е присутен и карактеристичен во мирисите Black Opium и Black Opium Intense, но овој пат создава пресврт кон овошје со слатки зачинети нијанси.
Заводлив и сладок!
Како што е најавено од Yves Saint Laurent, Black Opium Neon Eau de Parfum е заводлив и сладок, збогатен со адреналински интензивни ноти на кафе во комбинација со цвет од портокал и овошни ноти од pitaya (dragon fruit), заедно создавајќи вибрантна и живописна композиција.
Шишенцето го прати дизајнот од првото издание!
Шишето на новиот мирис Black Opium Neon го следи дизајнот на првиот мирис од линијата Black Opium, но сега во издолжена форма со црна и блескава боја како спротивност од розовата на средината на шишето.
Рекламно лице на новиот Yves Saint Laurent Black Opium Neon е Zoë Kravitz.
Yves Saint Laurent Black Opium Neon ќе биде достапен во 30 ml и 75 мл, како Eau de Parfum.