Парфеми за кои не сте знаеле!
Не сакате да имате нешто слично со луѓето што ве опкружуваат, не сакате да ги следите трендовите, не правете компромиси, не ја следите толпата! Вие сакате вашата појава да има што поголем личен печат, тогаш вашиот избор се „niche“ парфемите.
Кои се „niche“ парфемите?
„Niche“ парфемите се нешто спротивно на сите комерцијални парфеми што ги сретнувате насекаде. Кога станува збор за „niche“ парфемите, овој атрибут се користи за мали парфемски куќи кои не се дел од големите корпорации, кои за производство на своите парфеми користат ретки, природни, скапоцени компоненти. Квалитетот на состојките како и есенцијалните масла и нивниот постојан мирис е само една од карактеристиките кои ги одвојува „niche“ парфемите од комерцијалните мириси.
Houbigant – бренд за луксузни мириси со традиција уште од 1774 година!
Jean Francois Houbigant во 1774 година ја основал познатата компанија уште додека бил млад, на 23 годишна возраст. Скромен бутик под името “A la Corbeille de Fleurs”, на улицата Faubourg Saint-Honore, број 19. Асортиманот го сочинувале тоалетна вода, мирисни ракавици и мирисна пудра.
Повеќето од производите ги купувала аристократијата, племството и свештенството, како и познатите личности од француската јавност за тоа време.
Меѓу најпознатите клиенти била и кралицата Marie Antoinette, за која кружи урбана легенда дека пред да замине од Париз, ги набавила Houbigant парфемите – Eau de Mousseline и Eau de Millefleurs, кога заедно со Луј XVI маскирани како слуги, во обидот за бегство биле разоткриени токму по нејзиниот парфем. Наводно, на гилотина заминала со 3 шишиња Houbigant парфем кои и биле скриени во корсетот.
Компанијата успешно ја преживеала француската револуција, а Јean Francois Houbigant го оставил наследството на својот син, откако за него работел Chardin, личниот парфимер на Napoleon III.
Victor Masson во книгата „Сеќавање за Света Елена“ наведува дека жената на Napoleon, Joséphine, била заљубена во парфемите на Houbigant, така што ги чувала во патувачките ковчези на Napoleon додека биле на освојувачки походи низ Европа.
Останатите познати клиенти и поклоници на Houbigant биле Tolstoy, Guy de Maupassant, семејството Rothschild, како и членови од италијанскиот и холандскиот двор.
Последниот голем парфем за Houbigant, Chantilly е креиран во 1941 година, но тогаш фабриката била бомбардирана, а после Втората светска војна никогаш не била обновена.
Michele Perris во 2005 година почнува нова страница за историјата на Houbigant!
Michele Perris работејќи за престижни компании од светот на козметиката и парфемите, дошол во контакт со потомците на семејството Houbigant во 1973. После 7 години соработка, благодарение на пријателството кое што го стекнал со семејството, тој ја отворил својата прва компанија со идеја да ја оживее дистрибуцијата на Houbigant парфемите.
Кога се повлекол и последниот член на ова познато семејство, работата ја наследило семејството Perris, кои и денес чувствуваат обврска и почит кон куќата Houbigant и се трудат да ја вратат честа и престижот кој им припаѓа. После долги години напорна работа и труд, конечно во 2005 година почнува нова страница за историјата на Houbigant.