- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Фасцинираноста со парфемите што ги користат славните личности датира со децении наназад. Токму на крилјата на оваа интрига со омилените миризливи ноти на славните личности се создадоа бројни парфеми кои се покажаа како вистински хитови во парфимериите. Земете ги на пример култните парфеми на топ моделот Naomi Campbell или ретро мирисните бестселери на Jennifer Lopez. Во текот на изминатите десет години, пазарот на селебрити парфеми дополнително се зголеми и се чини дека денес нема славна личност што не го ставила својот потпис на некоја мирисна мешавина.

Како Rihanna еден niche парфем го стави во центарот на вниманието!

Не треба да нè изненадува огромниот интерес предизвикан од откривањето кои парфеми навистина ги користат славните личности. Можеби најдобар пример за тоа беше информацијата за омилениот мирис на поп-иконата Rihanna. Откако беше откриено кој парфем го носи во повеќе прилики и го смета за свој заштитен знак, потрошувачите ширум светот побрзаа кон парфимериите за да го помирисаат омилениот мирис на Rihanna. Се работи за парфемот Love, Don’t Be Shy од рафинираниот бренд Kilian, кој преку ноќ се најде во центарот на вниманието ширум светот.

Love, Don’t Be Shy by Kilian

Парфемите на niche брендот Kilian можете да ги набавите кај нас. Се продаваат во парфимеријата Анабела Мериот, популарна адреса за сите обожаватели на niche мирисите.

- Реклама -

Омилениот парфем на Rihanna спаѓа во категоријата на гурманско-цветни мириси. Клучните ноти на овој парфем се: нероли, цвет од портокал и бел слез, а комбинацијата на овие мирисни ноти се обидува да предизвика возбуда од заљубување и раѓање на нова љубов. Луксузниот парфем Love, Don’t Be Shy е дел од линијата на парфеми Kilian Narcotics, што јасно зборува за неговата опојна моќ и сила. Мирисната креација ја создаде парфимерката Calice Becker.