- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Guerlain L’Homme Ideal

Никој не може да му одолее. Тој е маж со повеќе лица. Природен и елегантен, тој е атлетски тип, културен, емотивен и силен во исто време. Guerlain мажот зрачи со модерна машкост. Интензивен човек кој е секогаш во движење и подготвен да оди напред. Забавен, шармантен и харизматичен, тој е човек кој ги ослободува сопствените желби.

Токму затоа, парфемот кој ќе го носи, мора да ја рефлектира неговата личност: секси, мистериозен и динамичен. Guerlain продолжува да ја пишува својата приказна од перспектива на еден маж. Главниот парфимер Thierry Wasser и неговата асистенка Delphine Jelk, потрагата по совршениот мирис ја базираат на основа на денешниот современ маж, со цел да ја зајакнат перцепцијата со интензивната и секси појава.

Тој е маж кој доминира со својата моќ и поседува неверојатен магнетизам. Чили, еден од најсилните зачини, ја ослободува моќта на бадемот со силен интензитет. Зачинетите ноти одлично кореспондираат со мирисот на кожа и пачули, се со цел да се создаде нова и волшебна варијанта за мажи. Клучната состојка во Eau de Parfum е екстракт од ванила кој ја истакнува зачинетата дрвенесто-ориентална елеганција.

- Реклама -

Која е тајната на неодоливиот шарм?

Бадемот за првпат се употребува во мирисите на Guerlain; токму со L’Homme Ideal. Мистериозен мирис кој излегува надвор од конвенционалните рамки за да го открие уникатниот карактер на секој мирис во колекцијата.

Сите лица на бадемот!

Елегантен –  Eau de Toilette е комбинација на дрвенести и цитрусни ноти.

Заводлив –  Eau de Parfum е комбинација на ноти од кожа со екстракт од ванила.

Динамичен – Eau de Toilette Sport во себе има зачинети и свежи ноти.

Интригантен –  Eau de Parfum Intense со чили и „smoky“ ноти.

Мистериозна обвивка!

Стремејќи се кон раскошен и луксузен изглед, шишето ги носи карактеристиките на своите претходници. Со нагласени и дефинирани агли, кои потсетуваат на машки раменици, неговата елегантна фигура е утврдена со длабок и таинствен лак. Блескавата жолта боја, додава зрак на младешки и забавен дух, што ја прави комплетно модерна обвивката на парфемот.

Guerlain L’Homme Ideal е парфемот кој изминатата година ги покажа своите супер моќи пред светот, тој е парфемот кој секој маж го посакува.