Колекцијата Memori е поетско патување низ мирисните сеќавања на основачот на модната куќа Kenzo – Kenzo Takada, како и неговите јапонски корени. Колекцијата Kenzo Memori обединува седум исклучителни мириси, опишани како албум од соништата на среќното детство. Седумте композиции ќе ве натераат повторно да го откриете мирисот на невиноста низ сонуваните спомени.

Парфеми за прекрасен свет!

Мирисната колекција Kenzo Memori креирана е од седум големи француски парфимери! Тие на префинет и едноставен начин ги соединија сите прекрасни јапонски состојки. Сонлива, радосна и нежна, колекцијата Memori е патување низ мирисните сеќавања на Kenzo.

Kenzo Memori Collection

Минималистичка естетика, едноставна и убава исто како детскиот ум!

Едноставни со минималистичка естетика, шишињата од Kenzo Memori колекцијата ја црпат својата инспирација од шишето за послужување на саке и се украсени со бели капачиња кои потсетуваат на зен градинарските камења. Сите седум мириси на Kenzo Memori колекцијата се опкружени со пакување од крафт хартија во пастелни нијанси и игра на рамни линии, кои потсетуваат на геометријата на традиционалната јапонска татами подлога.

Колекцијата Kenzo Memori е богата со суштински детали кои ја истакнуваат визијата за луксуз исполнета со вредности.

- Реклама -

Kenzo Memori Collection package

Албум од соништата!

Како вистински албум од соништата на среќното детство, Kenzo Memori се состои од седум парфеми:

Poudre Matcha – мирисни ароми на чај!

Инспириран од јапонската церемонија на приготвување на зелен чај, Poudre Matcha ги истражува скриените аспекти на Matcha и Genmaicha со дополнителен допир на мошус, роза и ванила. Овој блескав микс на Maté нуди изненадувачка мешавина на удобност и оригиналност. Poudre Matcha е нежен и носталгичен мирис, олицетворение на среќен спомен.

Kenzo Memori Collection Poudre Matcha

Poudre Matcha ingredients

Soleil Thé – мирис кој открива сонце од ирис и женшен!

Мирисот на цветен чај Soleil Thé комбинира две легенди: иконскиот ирис од западот и моќниот женшен од истокот. Синиот цвет и коренот на животот кои претходно беа резервирани за императори, создаваат изненадување и инфузија која предизвикува зависност, како апстрактно патување низ времето и просторот!

Kenzo Memori Collection Soleil The

Soleil The ingredients

Ciel Magnolia – мирис на расцутено небо од магнолии!

Дрвенесто-цветниот мирис Ciel Magnolia го евоцира детскиот спомен на едно попладне под семејното стебло. Неговите прекрасни розови и бели цветови се спојуваат со синилото на небото, мешајќи ги нотите на бел мошус, цвет од портокал и сандалово дрво.

Kenzo Memori Collection Ciel Magnolia

Ciel Magnolia ingredients

Rêve Lotus – мирис на мошусно небо од лебдечки лотоси!

Цветно-пудрестиот мирис Rêve Lotus е инспириран од движењето на цветовите од лотос кои се нишаат на водата. Rêve Lotus е релаксирачки мирис кој ја комбинира свежината на водата со деликатната и пудреста сензација на свежо расцветани ливчиња. Деликатната патека на цветот од мимоза ги милува облаците со удобен мирис на бел мошус и сандалово дрво.

Kenzo Memori Collection Reve Lotus

Reve Lotus ingredients

Coeur Azuki – мирис од црна рибизла кој ќе ви ги заслади мислите!

Овошно-гурманскиот мирис Coeur Azuki неверојатно е носталгичен. Инспириран е од mochi колачите, мешајќи ја слатката киселост на црната рибизла и кремастата ванила. Тоа е мирис на кој невозможно е да му се одолее.

Kenzo Memori Collection Coeur Azuki

Coeur Azuki ingredients

Cèdre Secret – мирис кој ве носи во домот!

Дрвенесто-мошусниот мирис Cèdre Secretкој е како пријатна арома која го исполнува семејниот дом. Cèdre Secret разоткрива мистериозно темен, но светол мирис. Тоа е интензивен, дрвенест мирис обоен со цвет од портокал и тонка зрна, омекнат со бел мошус. Толку е интензивен што се чини дека е дел од вас и вашата кожа.

Kenzo Memori Collection Cedre Secret

Cedre Secret ingredients

Nuit Tatami – мирис на ноќта исполнета со ѕвезди!

Ова е мирис на пудрест килибар. Ќе пронајдете засолниште во овој парфем инспириран од традиционалната јапонска татами подлога. Nuit Tatami е удобен мирис со белег на розов бибер, мек мошус, комбиниран со топли Ambrette ноти со кремасти ноти на ванила. Nuit Tatami е мирисот на вашите соништа!

Kenzo Memori Collection Nuit Tatami

Nuit Tatami ingredients

Каде може да се осетат миризливите сеќавања од Kenzo Memori колекцијата?

Во Cosmo парфимериите можете да го пронајдете вашиот омилен мирис и да се препуштете во уникатниот времеплов на Kenzo!