- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

За Lancôme – францускиот луксузен бренд, секоја жена е единствена, а нејзиниот стил е неповторлив. Повеќе од 80 години, Lancôme е синоним за убавина, со уникатен француски стил, а од овој познат бренд ни доаѓа единствен мирис – Idôle, создаден од жени за жени, со идеја уште повеќе да ги зајакне жените и во нив да го разбуди чувството на непобедливост.

Што значи мирисот за жената?

Секоја жена избира мирис за себе спрема својот карактер, а модерната жена живее живот многу различен од оној што го живееле нашите мајки и баби. Брзо и немилосрдно темпо на животот во ерата на интернетот, многу е поразлично од онаа лежерното време без брзање, интернет и социјални мрежи. Денес, без разлика дали одите на училиште, факултет или работа, вашето темпо на живот бара натчовечка сила од вас, од секоја жена! Lancôme како бренд тоа го препозна и создаде мирис кој ќе го инспирира и осветли вашиот секојдневен живот и ќе ве мотивира да зачекорите смело кон својата цел, без оглед на пречките.

- Реклама -

Zendaya како заштитно лице на Idôle мирисот!

Lancôme како еден од најголемите брендови за убавина во светот, сè што Idôle претставува како мирис, го препозна во младата холивудска ѕвезда Zendaya. Иако има само 23 години, Zendaya скоро една деценија е предводник на младата генерација на холивудски актерки. Покрај тоа, таа се смета за модна икона, а младите жени ширум светот се восхитуваат на нејзиниот професионален успех, како и за нејзиното чувство за мода и убавина. Zendaya е природна, но во исто време зрачи со посебност, моќ и шарм и како таква е идеален партнер за брендот како што е Lancôme.

Idôle – шише што дава почит на иновативноста на пакувањето!

Lancôme при креирањето на мирисот Idôle постави едно комплицирано прашање – како да се зајакне жената? Одговорот стигна спакуван во едноставно, но уникатно, привлечно и практично шише што совршено ги доловува модерното време во кое живееме и му оддава почит на иновациите. Шишето е дебело само 15 милиметри и ќе се вклопи дури и во најтенката женска чанта, што потполно ме воодушеви.

Idôle – волшебен мирис!

Самиот мирис го носи оној допир на свежина што е потреба на секоја жена за инспиративен ден, со ноти од роза, бергамот, круша и јасмин. Idôle е мирис што ќе го обожаваат помладите и повозрасните генерации, заради уникатниот мирис, совршеното пакување, но и Х-факторот кон кој се стреми секоја жена.

Ова е причината зошто Lancôme Idôle е мирис на иднината!