Најновиот мирис од Byredo е ритуален потсетник за славење на животот додека тагувате за загубата! De Los Santos е мирис кој е дизајниран да ги разгорува спомените, да го осознае минатото и да го прослави животот. Тоа е мирис кој создава спомени и го признава минливото. Како знак на почит на традициите на Денот на мртвите (познат како Día de Muertos на шпански) и Денот на сите светци (All Saints’ Day – католички празник), Byredo De Los Santos ја доловува трансцендентната моќ на колективните церемонии, преточувајќи го мирисот во нов ритуал на сеќавање.

Byredo De Los Santos bottle

Во текот на минатата година, почнав да истражувам како различни култури пристапуваат кон идејата за загуба со цел да ја сменам мојата лична перспектива. Не сакав да „продолжам понатаму“, или „да одам напред“, бидејќи тоа подразбираше заборавање. Наместо тоа, сакав да создадам начин како да ги прославам моите спомени, да ја почитувам убавината на животот и тоа да го преточам во мирис“. – Ben Gorham, основач и креативен директор на Byredo.

Ароми за нов ритуал на сеќавање!

Ароматичниот облак од мошус е прободен од бистрината на жалфијата. Раскошот на килибарот и темјанот се втемелени во ирисот и Mirabelle сливата, додека земјените ноти на cistus (цветно растение) цветаат на сува топлина.

Byredo De Los Santos

- Реклама -

Кампања!

Сликите за кампањата на Byredo De Los Santos се создадени од Estevan Oriol. Легендарниот фотограф е познат по својата инсајдерска перспектива на субкултурите на Лос Анџелес – од Snoop Dogg и 50 Cent, до lowriders и урбаната култура. Многу успешно ја истакнува неговата заедница: музичари, девојки, локални модели – документирани околу Silver Lake (луксузна станбена населба во Лос Анџелес) и Los Angeles River (позната како реката Porciúncula).

Моето потекло е во хип-хоп, уличната облека и лоурајдинг (lowrider – автомобил со спуштенa каросерија)“, објаснува Oriol. „Неодамна имаше повторно оживување на лоурајдингот кој ги враќа 80-тите и 90-тите години на Чикана стилот на облекување. Целиот тим на сетот беше од културната сцената од овде. Секој го направи своето без напор. Го зедовме Byredo во нашиот свет“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BYREDO (@officialbyredo)

Серија портрети што ја рефлектираат современата реалност на Чикана стилот ја слават убавината и животот на жените. „Луѓето кои ги избирам да ги фотографирам, секогаш може да се каже дека имаат добра приказна само од нивното лице“, размислува Oriol. „Повеќето луѓе имаат добра приказна ако копате доволно длабоко, нивното лице раскажува приказна“.

Campagne Estevan Oriol Byredo De Los Santos

Campagne Estevan Oriol Byredo De Los Santos

Campagne Estevan Oriol Byredo De Los Santos

Ben Gorham – основач и креативен директор на Byredo

Роден во Шведска, од мајка Индијка и татко Канаѓанец, Ben Gorham пораснал во Торонто, Њујорк и Стокхолм. Неговиот оригинален и многу сериозен сон беше професионално да игра кошарка. Како млад спортист тој се истакна во играта, играјќи за своето средно училиште во Њујорк, а потоа и на колеџ во Канада, пред да замине да игра професионално во Европа. Неможејќи да ја добие точната документација за да продолжи професионално, Gorham неволно се откажа од играта. На крајот најде утеха во уметноста и се запиша на уметничко училиште во Стокхолм. По дипломирањето, случајната средба со еден парфимер го убедила дека повеќе би сакал да ја изразува својата креативност преку мирисите отколку преку слики. Без формална обука на теренот, Gorham ги побара услугите на двајца светски познати парфимери, објаснувајќи ги неговите миризливи желби и дозволувајќи им да ги создаваат композициите. Како аутсајдер во индустријата за убавина, Gorham е донекаде аномалија и е препознаен по неговиот личен стил и поврзаност со модата и уметноста во неколку меѓународни списанија.

Ben Gorham

Estevan Oriol – фотограф!

Estevan Oriol е меѓународно познат професионален фотограф, режисер и претприемач за урбаниот начин на живот. Својата кариера ја започна како хип-хоп клупски скокач, кој стана менаџер на турнеја за популарните рап-групи Cypress Hill и House of Pain од Лос Анџелес. Страста на Estevan за фотографија се разви додека патуваше низ светот. Со влијателен поттик и старата камера на неговиот татко, познатиот фотограф Eriberto Oriol, Estevan почна да го документира животот на патиштата и да го постави своето име на новата хип-хоп сцена.

Речиси 20 години подоцна, широкото портфолио на Oriol ги спојува гламурозните и тврдокорни рамнини на културата на Лос Анџелес, со портрети на познати спортисти, уметници, познати личности и музичари, како и животинските латино стилови, урбани, банди и тетоважи.

Estevan Oriol photographer