- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Работејќи во светот на модната, дизајнерот Nicola Formichetti ја основа својата сопствена линија за облека наречена Nicopanda, која тематски беше посветена на пандата.

Nicopanda е приказна за една млада генерација!

Козметичкиот бренд MAC согледувајќи го потенцијалот и креативноста на дизајнерот најави заедничка соработка. Веќе во првите денови од месец април, во продажба ќе се појави нивната заедничката мејкап колекција – MAC Nicopanda.

“Ја обожавам шминката”, вели Nicola Formichetti

“Nicopanda е приказна за една млада генерација, отворена кон нови идеи и креативност, а идејата за соработка со MAC се роди сосема природно”.

Новата колекција – Nicopanda, се вели дека е инспирирана од боите и разновидноста. Според дизајнерот, за него многу се важни различните идеи и целосната слобода на изразување. Резултатот е невообичаено интензивна палета на бои на колекцијата.

- Реклама -

Блескави кармини со нестандардни бои!

И покрај нестандардните нијанси, сите козметички производи, според Nicola Formichetti, се погодни за употреба во реалниот живот. Тој сугерира носење блескави кармини со нестандардни бои, од тиркизна – Galactic Mint до слива – Toung’N’Chic. Nicola ги креираше имињата за сите производи.

“Беше забавно”, признава тој.

Налепници за лице кои можат да се надополнат со шминката!

Покрај палетите на сенки и мат кармини, колекцијата исто така ни носи налепници за лице кои можат да се надополнат со шминката. Блескави срца, солзи и се разбира стилизирана глава на панда како симбол на линијата Nicopanda.

Сето ова сигурно ќе ја задоволи милениумската генерација!