- Реклама -  

Nasomatto е уникатен, креативен, необичен холандски бренд, бренд на интензивни парфеми со луди идеи, „забранети“ задоволства и состојки кои ги прават овие парфеми различни, провокативни, приемчиви за кожата. Alessandro Gualtieri, креаторот на брендот Nasomatto, на светот донесе парфеми кои вибрираат помеѓу неверојатни, забавни, инспиративни, луди. Не им се доближувајте на овие мали шишенца, ако не сакате интензивни и провокативни парфеми!

“Мојата главна цел е да создадам нешто што ќе има живот и ќе раскажува приказни. Сакам моите парфеми да постојат сами за себе. Не да бидат робови само на значењето кое јас сум го дал.” – Alessandro Gualtieri, креатор на Nasomatto парфемите.

- Реклама -

Nasomatto Nudiflorum – парфем кој создава деликатно чувство на нежни допири.

Nasomatto Nudiflorum е мирис кој е создаден за мажи и жени. Природен, примитивен и сензуален – овој парфем создава деликатно чувство на нежни „кожа-на-кожа“ допири.

Мирис кој повикува да се предадете на неочекувано спокојство без граници, да ја почувствувате зашеметената интуиција и длабочина што овој парфем ја создава.

Nudiflorum е интимност спакувана во неодоливи мириси, интерпретира чувство на допир кое продира низ површината и станува дел од вас.

- Реклама -