- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дали некогаш сте забележале дека во текот на постудените денови вашиот омилен парфем едноставно не може да трае цел ден. Можеби сте помислиле дека само ви се причинува, но апсолутно сте во право. Всушност, парфемите имаат тенденција да траат пократко во текот на зимските месеци. Еве зошто!

Како што опаѓа температурата на воздухот, така се намалува и процентот на влага во кожата, па таа дехидрира. Оваа состојба се влошува со зголемување на температурата во затворени простории или со загревање. Сувата кожа не ги апсорбира добро парфемите, па во овој случај посреќни се оние со малку помрсна кожа.

За среќа, не морате да се откажете од омилениот парфем, бидејќи постои решение за краткото времетраење на вашиот мирисен потпис во постудените денови.

прскајте парфеми на зглобовите

Хидрирајте ја кожата!

Факт е дека потребата за хидратација на кожата во постудените денови е очигледна, но сепак ќе ве потсетам на нејзините придобивки. Со користење на млеко или лосион после туширање, ќе ги заробите молекулите на водата на вашата кожа, така што не само што вашата кожа ќе биде поздрава, туку и парфемот ќе држи подобро.

- Реклама -

Имајте на ум дека треба да обрнете посебно внимание на хидратација на местата на кожата каде што ќе го прснете парфемот, затоа овие места на кожата особено добро намачкајте ги со богат хидратантен крем. Но, ако сè уште не го гледате ефектот на долготрајноста на парфемот, можеби е време да го замените парфемот со некоја квалитетна парфимирана крема за тело.

долготрајноста на еден парфем зависи каде го прскате

Eau de Parfum – парфемска вода!

Eau de Parfum е вистински избор за есенските и зимските месеци, додека Eau de Toilette е подобар избор за летните и пролетните месеци. Парфемската вода за разлика од тоалетната вода има поголема концентрација на миризливи масла, што значи дека подобро и подолго ќе остане на кожата, па доколку имате можност изберете парфем со најмалку 20 до 30% концентрација на миризливи масла во него.

зошто вашиот парфем останува пократко во постудените денови

Фокусирајте се на нотите во основата на парфемот!

Цветните и цитрусните акорди често се наоѓаат во горната основа на парфемот, што значи дека веднаш се чувствуваат при прскањето, но и најбрзо испаруваат за да се ослободат нотите од срцето и нотите од основата на парфемот. Затоа, за да обезбедите долготрајност на парфемот, изберете парфеми со побогати ноти во основата. Ваквите парфеми најчесто се со миризлива основа на дрвенести, мошусни и ориентални ноти.

долготрајноста на еден парфем зависи каде го прскате, а најдобро е на зглобовите

Локација, локација, локација…

Најдобри места за прскање на парфем се местата на телото кои пулсираат, односно зглобовите и вратот, бидејќи тоа се и најтоплите места на телото. Избегнувајте триење на парфемот во кожата, бидејќи триењето на зглобовите после нанесувањето го скратува времетраењето на парфемот.

Не заборавајте на облеката! Како што веројатно веќе имате забележано, облеката многу добро ги „фаќа“ мирисите. Затоа цела недела мирисаме на ручекот на баба. Неколку капки од омилениот парфем на јаката од есенскиот капут или зимскиот шал ќе ја осигураат долговечноста на мирисниот потпис на вашето секојдневие.

кои парфеми се најдобри за постудените денови