Со оваа креација, креаторот Романо Ричи (Romano Ricci) посака повторно да нѐ поврзе со суштината на Juliette. Брендот Juliette has a gun лансиран во 2006 година со цел да ја размрда целата парфемска индустрија, постојано се обидува да ги разоткрие многуте аспекти на женственоста. Juliette стои како симбол на самоуверена комплексност, гордост и непослушност.
Слободна и страсна, Juliette го води танцот!
Овој нов мирис со ноти на темна цреша, розов бибер и апсолут јасмин нѐ кани да ги следиме волшебните чекори на дамата што го носи.
Иконично црвено!
Шишенцето парфем, во огнено црвена боја е одразот на Juliette. Страсна црвена боја што ја отсликува желбата која ги осветлува усните и жарот под високите потпетици. Сензуална и топла нијанса, во контраст со металните букви и капаче, како намигнување на смелите парадокси на нашата модерна хероина.
Кое е тајното оружје!
Темна цреша, розов бибер, јасмин апсолут, кашмеран, грав тонка, амброксан.
Родена да биде икона!
Новиот мирис од Juliette has a gun, прекрасниот Juliette е создаден да постане ваша икона!