Одамна шминката не е само шминка. Во вистински раце и со вистински совети шминката може да стане алатка за уметничко дело! Ноќта на вештерките е совршена можност да се покаже вашата креативна страна, со користење на шминка да создадете маска пред која сите ќе затреперат – или од восхит или од страв!
Клонирани вештерки, стоп!
Популарноста на овој празник расте од година во година. Додека некои од вас со месеци смислуваат костими за маскирање, други за својот застрашувачки аутфит размислуваат во последен момент. Тогаш тие најчесто се одлучуваат за наједноставно и по правило најнесреќно решение. Во продавниците нема доволно голем избор на костуми за Ноќта на вештерките, а згора на тоа треба да изберете што е она што може да ве собере! Еден костум за маскирање е преголем, друг е премал – за на крај на забавата на Ноќта на вештерките ќе се појавите како клонирана вештерка, бубамара или Мини Маус. Ем ќе ја промашите темата, ем на секој чекор се среќавате со вашата двојничка. Затоа, за оваа година сменете ја тактиката! Ќе ви дадам совршени идеи за кои не треба премногу време, а кои во преден план ги потенцираат маските со шминка.
Како да се нашминкате!
Во морето на плашливи стилови, која идеја би била предизвик за вас? Моќно митско суштество, страшна морска сирена, црна вдовица, жена вампир, женска верзија на Џокер, жена ѓавол, зомби, скелет или нешто сосема друго… Набројувањето на мрачни сили нема крај, но за што и да се одлучите ќе мора да имате предвид дека оваа сезона актуелни бои од кои застанува здивот се: земјани, златни, бакарни или бронзени! Никогаш боите не биле во согласност со есенскиот колорит како овие тренди нијанси, кои вашата маска ќе ја направат уникатна и спектакуларна. Значи, без разлика каква креација посакувате, важно е да се фокусирате на горе наведените бои, бидејќи тие ќе ви донесат свежина во монотоните и 100 пати видените маски за Ноќта на вештерките. Но, не заборавајте дека покрај себе во секое време мора да имате црвена, црна и бела боја.
Пајакова мрежа!
Пајакова мрежа под очите е одлична идеја. Исцртаната мрежа нека започне од долниот дел на очите спрема образите. Сè ќе изгледа уште поефективно ако со црн туш или молив нацртате пајак.
Над веѓите може да се исцртаат различни минијатурни мотиви – тиква, крст и надгробни споменици, лилјаци, црни мачки или месечина. Сето ова ќе остави силен впечаток на набљудувачите, бидејќи боите на бакар, злато, бронза или металик виолетова, даваат доза на гламур со кој секогаш ќе се издвојувате од другите.
Џокер face!
Женска верзија на непријателот на Бетмен, Џокер е многу посакувана маска за Ноќта на вештерките. Користете пудра со која ќе го побелете лицето, а со црвена палета на сенки или мат течен кармин, ќе ги исцртате оние карактеристични линии на Џокер кои поминуваат над очите и веѓите. Шминката за Ноќта на вештерките значи дека веѓите ќе бидат максимално задебелени, бидејќи со тоа дополнително ќе го истакнете агресивниот и груб изглед, а тој во оваа прилика повеќе од било кога е посакуван. Се разбира, усните не може да се замислат без црвен или бордо кармин, со карактеристичните “опашки” на рабовите.
Жена вампир!
Вампир-жена никогаш не излегува од мода. Ќе ви бидат потребни многу слични мејкап производи, како во случај со Џокер маската – избелено лице, драматичен мачкест изглед со впечатливо крило, само што наместо црвени сенки ќе биде подобро да се користат светкави бакарни нијанси. Иста или барем слична нијанса на светкав кармин ќе ве направи најпосакувана вампирка на забавата. Ако сте вешти со цртање, под долните очни капаци со црвен молив нацртајте мрежа од ситни капилари и вени, која совршено ќе се вклопи со остатокот од шминка. Ако се одлучите за црвен кармин, размачкан изглед ќе остави добар “крвав” впечаток, како од најлошите кошмари!