Долгоочекуваниот Kologne, Shield of Protection пристигна!
Скокнете во кул лето со најновата миризлива креација!
Влезете во нова димензија на кул лето со неверојатно мирисно патување низ свежина, интензитет и време. Основачот и креатор Kilian Hennessy создаде мирис за да се чувствувате заштитено каде било, во секое време, како аура на чистота и виталност при првото нанесување, менувајќи ги нашите потсвесни стравови во прекрасно чувство на сигурност. Парфемот е ултимативна мирисна експресија на ова верување.
Историја на Cologne!
Cologne е именуван според германскиот град Келн каде италијанскиот парфимер Giovanni Maria Farina креираше мешавина од цитрус, рузмарин и алкохол во 1709 година. Но, потеклото оди и подлабоко, Eau de Cologne мешавините беа инспирирани од рецептите на Средниот век, наречени Aquae Mirabile или мешавини од антисептички ароматични билки кои се користеле за „прочистување“ на воздухот. Се споменува и L’Eau de la Reine de Hongrie, мешавина од тревки користени во бајката „Заспаната убавица“ за да се разбуди легендарната принцеза.
Штит на заштита!
Основачот и креатор Kilian Hennessy со години го создаваше својот мирис, поттикнат од желбата да се вратиме на корените и значењето на овој уникатен жанр на парфеми. Заедно со парфимерката Calice Becker, беше создаден неговиот „штит на заштита“. Разиграна градина на задоволства, Kologne дебитира низ цитрусни ноти на зелена мандарина, портокал кој води до срцето на рузмарин, минт и нероли. Софистицирано дополнет со дрвенести ноти на кедрово дрво, кашмир и зелена боја од растителни ноти.
Нурнете во сино лето со најновата миризлива креација во прекрасно шишенце!
Шишенцето на Kologne, Shield of Protection е обоено како совршена летна ноќна забава покрај базен. Живописното сино шише со парфем ќе биде вашиот најдобар сојузник оваа сезона.
View this post on Instagram
View this post on Instagram