Контурирање е класичен, уметнички мејкап принцип, користејќи светло и темно за да помогнат во формата и дефинирањето на лицето.

Контурирањето не е корекција или менување на лицето, туку давање полиран тен, правејќи ја вашата структура на коските на лицето навистина да пее и да се забавува со шминката!

YSL Couture Contouring Palette да создадете суптилна дефиниција и фотошоп тен!

Еве неколку трикови за тенот на вашето лице за да можете да научите како да го правите тоа без напор, со помош на контуринг палетата – YSL Couture Contouring Palette, за да создадете суптилна дефиниција и фотошоп тен.

Да започнеме!

Скулптурирање!

Прекрасната работа кај скулптурирањето е дека секогаш може да се надградува, започнете со малку. Играјте со аглите и експериментирајте!
Припремете ја кожата со саканата основа, нанесувајќи коректор на местата каде е потребно. Доколку сакате поприроден изглед, можете да ја користите YSL Couture Contouring Palette палетата на чисто лице.

- Реклама -

Со помош на палетата и double-ended четката, со едната страна на четката поминете нежно на темната сенка на Couture Contouring палетата. Истресете го вишокот на задната страна на дланката.

Следејќи ја илустрираната шема на лице, која доаѓа со Couture Contouring палетата, нанесете го правот на оние места на вашето лице каде што сакате да создадете сенка. Обично тоа е линијата по должина на вилицата, во вдлабнатината на образите, на страната на носот нагоре кон долната страна на веѓата, како и по должината на косата. Изедначете со четка додека сите контурни линии не исчезнат. 

Хајлајт!

Хајлајтинг е спротивно од контурирање, додавате волумен, наместо да создавате сенка. Додавањето светлина ќе го подигне визуелниот ефект на сенката, што ќе го направи вашето лице позаоблено, со поизразена дефиниција на структурата на лицето.

Свртете ја четката од другата страна. Поминете нежно низ посветлата боја од Couture Contouring палетата, а потоа истресете го вишокот на задната страна на дланката.

Следејќи ја илустрираната шема на лице, која доаѓа со Couture Contouring палетата, нанесете го правот на оние места на вашето лице каде што сакате да создадете светлина.

Стробинг!

Стробингот е одличен начин да додадете екстра слој на хајлајт, со малку влажен финиш. Тоа е крајниот професионален трик за правење лицето да изгледа свежо и малку светликаво. Ова може да го додадете како завршеток по хајлајтерот, или нанесете го само по себе.