“Најстрашниот” месец во годината се приближува, а Kylie Jenner по повод Ноќта на вештерките одлучи да лансира своја нова колекција со шминки, производи кои ќе ви овозможат совршен и конечен допир на било кој “страшен” мејкап изглед.
Колекцијата 3D Collection доаѓа со специјални 3D очила!
Во понудата на брендот Kylie Cosmetics, оваа интересна мејкап колекција наречена е 3D Collection поради пакувањето во кое доаѓаат новите мејкап производи, а дополнителна необична занимливост е тоа што секој производ доаѓа со специјални 3D очила. Фановите на Kylie најмногу го потенцираат пакувањето, кое е направено со 3D ефекти кои може да се видат преку специјалните 3D очила. Новата мејкап колекција содржи производи кои совршено се вклопуваат во концептот со празникот.
Мејкап производи со необични Halloween имиња!
Како и во сите претходни мејкап колекции потпишани од Kylie Jenner, така и оваа колекција доаѓа со голем број на нови кармини кои се разбира имаат соодветни Halloween имиња како што е Bite Me во вампирско црвена боја. И другите мејкап производи имаат необични имиња. Monster, Creep it Real или Spider Bite се некои од парчињата во новата колекција на Kylie Cosmetics, а она што посебно го истакнува бјути ѕвездата Kilie e Hello Ghordeeous во металик златна боја кoја фасцинантно одговара на сите декадентни бјути изгледи кои може да ги одберете за Ноќта на вештерките.