- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Кога станува збор за шминка, карминот е неизоставен мејкап производ во несесерот на секоја дама, дури и на оние кои ретко се шминкаат и тоа само за специјални прилики. Карминот на усните им дава волумен, боја и сензуалност и претставува шлаг на тортата на целосен изглед. Затоа, ви ги пренесувам најдобрите 12 совети на професионалните шминкери кои своите вештини и трикови ги собираа години наназад!

Најдобрите совети за нанесување и постигнување на максимум од омилениот кармин се пред вас!

Кафени очи – ладни нијанси! Сини и зелени очи – топли нијанси!

Нагласете ги  кафените очи со ладни нијанси на кармини со син подтон, како што се длабоко црвените или виолетови. А сините и зелени очи нагласете ги со топли портокалови-црвени и корални бои.

Прво мат – потоа крем кармин!

За да креирате своја уникатна боја и текстура на кармин, прво нанесете мат кармин, а потоа обичен крем кармин.

- Реклама -

Сјаен финиш – точка сјај!

За совршен сјаен финиш на усните, ставете точка на сјај во центарот на горната и долната усна (над кармин или на самата усна) и протрите ги усните. На овој начин ќе избегнете размачкување на сјајот во аглите на вашите усни.

Пред кармин – целосно пополнети усни со молив!

Пополнете ги целосно усните со молив за усни како да нанесувате кармин. На овој начин ќе создадете основа за долготрајна боја. Потоа нанесете кармин и кога тој ќе исчезне во текот на денот, наместо да се гледаат вашите усните, ќе ја видите бојата на моливот за усни.

Црвен кармин – прво кармин, потоа молив!

За најпрецизно нанесување на црвен кармин – направете ги работите наназад! Прво, нанесете кармин, а потоа молив за усни со иста или малку потемна од црвениот кармин за да го креирате и дефинирате обликот на усните.

Пилинг на усните!

Пред да нанесете темен кармин, усните нежно потапкајте ги со самолеплива лента, која ќе ги отстрани сите суви делови од кожата без да ги иритира усните, со тоа ќе ја избегнете можната иритација што можете да ви го направи пилингот.

Фиксирање на усните! Да или не?

Мит е дека треба да ги фиксирате усните со слој од транспарентна пудра во прав. Пудрата ќе оксидира, ќе ја смени бојата на карминот и ќе го нагласи вовлекувањето на карминот во фините линии на усните.

Пополни усни!

За да ги направите усните да изгледаат пополно, нанесете малку посветла боја на кармин на средина на горната и долната усна од онаа што ја нанесувате на целите усни.

Како со темна нијанса на кармин за дневна варијанта!

За да ги претворите темните и вечерни нијанси на кармин за опуштена дневни варијанта, по нанесувањето тапкајте со  прст на линијата на усните за да се “омекне” остриот раб и да добиете ефект на заматување.

Кармин со крем текстура – четка! Мат текстура – директно!

Класичната крем текстура на карминот нанесувајте ја со четка за кармин за да постигнете најдобар интензитет на боја, додека мат кармините најдобра пигментацијата даваат кога се нанесуваат директно од пакувањето.

Природен изглед – нагласете само еден дел од усните!

Изберете само едно место каде што ќе ги исцртате усните (Купидонов лак, долна усна) со молив за усни со бојата на карминот кој го нанесувате. Нагласувањето на само еден дел од усните ќе делува природно и неприметно.

Пополни усни – исцртајте го долниот раб!

Повеќето жени не знаат каде точно им завршува линијата на усните. Наклонете ја главата наназад пред огледало за прецизно да го исцртате долниот раб на усната. Со ова ќе постигнете усните да изгледаат пополно.