- Реклама -

Lacoste Pour Femme Intense, концентрирана есенција за жена космополит и нејзината уникатна елеганција.

Есенција за жена космополит!

Лежерен, спортско-елегантен, мирисот Lacoste Pour Femme од 2003 година, после верзијата Eau de Parfum Légère од 2017 година, добива потопла Eau de Parfum Intense интерпретација во 2018 година. Според официјалите најави, Lacoste Pour Femme Intense претставува концентрирана есенција на жена космополит и нејзината уникатна елеганција.

Инспирирана од ставот на силна личност!

Новата мирисна композиција е топла, цветна, кадифена и со дрвенести ноти. Инспирирана од ставот на силна личност без ароганција, во комбинација од мекост и сила, самодоверба и елеганција. Горните мирисни ноти вклучуваат суптилна арома на карамела. Цветното срце ги задржува акордите на бугарските рози од оригиналот, како и препознатливите базни ноти од хималајски кедар и сандаловина.

Lacoste Pour Femme Intense ќе биде достапен како 30, 50 и 90 мл Eau de Parfum.

- Реклама -