Највозбудливите мејкап лансирања поврзани се со шминка и производи кои ќе ги носиме во постудените сезони, а тоа го знае и MAC Cosmetics кој ја прошири палетата со бои на омилената Studio Fix течна пудра, но во исто време лансира еден нов производ – Studio Fix коректор, со ветување дека на лицето ќе трае до 24 часа. Иако речиси никогаш не носиме шминка цел ден, односно 24 часа, сеедно ќе биде интересно да се види дали коректорот навистина е постојан и ако издржува на лицето од утро до попладневните часови, ќе го сметаме за мејкап производ во кој вреди да се инвестира.
MAC Studio Fix 24-Hour Smooth Wear коректор!
Што се однесува до формулата, таа е многу лесна и флуидна, но истовремено обезбедува средно до потполно покривање на недостатоците. На лицето не остава впечаток дека имате премногу шминка, а од MAC тврдат дека тој нема да се акумулира во оние критични области кај фините линии и брчките. Кожата со коректорот изгледа мазно, изедначено и спремно за едно селфи.