- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Gucci го најави третиот по ред мирис од Gucci Bloom мирисната колекција, наречен Gucci Bloom Nettare Di Fiori, кој ќе биде лансиран во почетокот на месец Септември 2018 година.

Под раководство на новиот креативен директор Alessandro Michele, а во соработка со парфимерот Alberto Morillas, беше претставен Gucci Bloom парфемот во 2017 година како цветен мирис во старомоден стил, а потоа следеше неговото свежо издание Gucci Bloom Acqua di Fiori, кој беше лансиран пролетта 2018 година.

Го претставува мрачниот и сензуалниот карактер на Gucci Bloom жената!

Gucci Bloom Nettare Di Fiori го претставува мрачниот и повеќе сензуалниот карактер на Gucci Bloom жената и го слави интимниот и автентичниот дел од нејзината личност.

- Реклама -

Мирисната композиција е најавена како енигматична и повеќе дрвенеста во однос на претходните изданија, со цветни ноти на рози и османтус кои се спојуваат со главните акорди на композицијата – тубероза и акорд на кинески орлови нокти – Ragoon Creeper.

Gucci Bloom Nettare Di Fiori ќе биде достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.