- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Да бидете запаметени по мирис е најголем комплимент кој може да го добиете. Кога некој повторно ќе го почувствува истиот тој мирис, спомените за вас се враќаат, страста повторно се буди. Мирисот не само што го менува вашето расположение, туку влијае на расположението на другите кои ве опкружуваат.

Мирисот е како магичен еликсир – невидлив, една капка може да ве трансформира во божица. Има моќ да ве натера да се чувствувате неодоливо, сигурно и заводливо – каде што сè е можно. Овој магичен еликсир зрачи со лесна сензуалност – ви дава моќ да осветлите една просторија, да оставите впечаток и да добиете што сакате“ – Roja Dove

Roja Dove е синоним за луксуз!

Името Roja Dove е синоним за луксуз, а успехот на Roja Parfums од неговото лансирање во 2011 година е комбинација на неговата немилосрдна желба за оригиналност и совршенство во креирањето на парфемите. Roja Dove е познат по својата страст за мириси која е втемелена во спомените на љубовта и откривање на сензуалноста на светот на нови и изненадувачки начини.

„Ние сликаме слики, но едноставно не користиме боја. Ние раскажуваме приказни, но не користиме зборови. Наместо тоа, им овозможуваме на есенциите да ги изразат нашите идеи, нашата визија, користејќи го јазикот на парфемите” – објаснува Роја.

- Реклама -

Нова мирисна приказна! Roja Dove Elixir Pour Femme

Тајната на убавината лежи во ткаењето на субјективните емоции, чија мешавина им нуди на нашите сетила перцепција на хармонијата. А што ако клучот за оваа хармонија е скриен во мирисната приказна наречена Roja Dove Elixir Pour Femme?

Roja Dove лансира нов богат и нежен парфем за жени – Elixir Pour Femme. Новиот парфем Roja Dove Elixir Pour Femme е сладок, овошен и топол еликсир, тајно оружје за заведување. Ова е слатко овошен парфем дизајниран да се носи во текот на денот, поради неговата леснотија и свежина.

За жените кои знаат што сакаат!

Elixir Pour Femme е наменет за жените кои знаат што сакаат, жените кои се реализирани и кои сакаат да мирисаат прекрасно и посебно. Каде и да се појави, го освојува просторот со својата самодоверба и природна сензуалност која е нераздвоен дел од ориенталниот карактер, па токму таков е и Elixir – сладок, овошно цветен и топол мирис.

Како скапоцен дестилат, кој меѓу митот и легендата има форма на магична напивка, Elixir Pour Femme доаѓа како сензорна напивка која може да ве опие при контакт со кожата. Уникатниот мирис кој во својата аура, не го шири богатството на класичните ориентални композиции, но го задржува богатството, нежноста и сензуалноста.

Симфонија од скапоцени есенции кои изнудуваат воздишки!

Elixir Pour Femme зрачи преку светлата ароматска свежина на бергамот. Волшебната привлечност лебди како нежен букет од момина солза, јасмин и роза, прошаран со весела малина и праска нектар. Сладоста на овошјето се спојува со егзотичниот ylang ylang и рафинираните акорди на гераниум, овозможувајќи на розата да цвета со сите нејзини кралски убавини.

Како топли зраци на сонцето зачинети со ноти од цимет и додаден нежен здив на ванила, доведуваат до сензуалност на композицијата, свежа и светла перцепција на која се зачувува транспарентноста на љубичиците. Неодоливите акорди на цедаровото дрво оркестрираат симфонија од скапоцени шуми и изнудуваат воздишки.

На мојата кожа добивам…

Elixir зрачи со современост, мистерија, длабочина и сензуалност! На мојата кожа добивам многу роза и праска со малку малина. Тој е нежно сладок, прекрасно топол благодарение на скапоцените дрвенести ноти. Во исто време зрачат ориенталните акорди на Јасмин, Ylang Ylang и цимет. Резултатот е неверојатна текстура, неверојатно интимен парфем кој лесно се носи и како кај сите парфеми на Roja Dove тој е комплексен и составен од скапоцени состојки.

Шишенце низ кое зрачи сензуалност!

Кога ќе го погледнете шишето, ќе забележите дека светлоста зрачи низ него – создавајќи рамка која го открива животот и сензуалноста. Сликата која ја имате остава впечаток на етеричност, шише кое што стои на вода, како божица што излегува од морето.

Ексклузивно во парфимеријата Анабела Мериот!

Новиот Roja Dove Elixir Pour Femme можете да го најдете во парфимеријата Анабела во хотелот Мериот во Скопје.

Roja Dove Elixir Pour Femme апсолутно го одзема здивот на секоја суета!