- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Tom Ford го лансира новиот мирис Fleur de Portofino Acqua од Neroli Portofino мирисната колекција, што претставува свежа интерпретација на Fleur de Portofino – мирисот на бели багреми од Медитеранот. Новиот мирис претставува извонреден израз на Портофино, претставен во полн и сензуален цут.

Свежата и цветна мирисна композиција!

Свежата и цветна композиција на новиот Tom Ford Fleur de Portofino Acqua е инспирирана од каскадите на белите цветови од гранката на бел багрем. Транспарентниот коктел од свежи цитрусни мириси во горните ноти ги отсликува насадите на цитруси натопени со крајбрежните океански дождови. Овој цитрусен коктел е збогатен со bigarade – горчливи лисја од портокал за длабочина и карактер на мирисот. Orpur® – виолетовите лисја го обвиткуваат мирисот со зелени и растителни нијанси. Нотите на багрем во себе носат карактеристики на мимоза, а се во комбинација со други цветови и на база на багремов мед.

Мирисот Fleur de Portofino Acqua е достапен во шишенца од 50 и 100 мл.

- Реклама -