- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

На секои 20 минути во светот се продава примерок од оваа кул бјути алатка, која за многу ентузијасти за шминка, како за аматери, така и за професионалци, се покажа како многу корисна. Се работи за мала алатка која ќе ви го олесни нанесувањето на шминка, со која што веќе нема да ги извалкате вашите раце со шминка и различни мејкап производи кои ги користите.

Мала палета за раце – Makeup Hand Palette!

Makeup Hand Palette е мала палета за раце, благодарение на која веќе не треба да нанесувате шминка на раката, за потоа со четка да ја нанесете течната пудра на вашето лице или да измешате две сакани нијанси на кармин.

- Реклама -

Листа на чекање од 6.000 луѓе!

Производот беше лансиран минатата година, а на самиот почеток имаше листа на чекање од 6.000 луѓе. Makeup Hand Palette е производ на брендот Makeupboxldn, кој во моментов се продава за 12 фунти.

Лесно се вклопува на рака!

Палетата за шминка е од акрилен материјал и лесно се вклопува на рака и со неа сте подготвени за нанесување на подлога, кармин и други производи, без потреба за валкање на вашите раце, особено на оние мејкап производи кои се долготрајни и за кои е вистински кошмар да ги отстраните од кожата. Со палетата/држачот може многу лесно да направете сопствена нијанса на течна пудра или да измешате неколку нијанси на кармин за да создадете една совршена – само за вас. После тоа, едноставно избришете го држачот и подгответе го за нова употреба.