Со претставувањето на Gucci Guilty Pour Homme Eau de Parfum, уште еден нов мирис се придружува во Guilty универзумот. Со интензивирање на мистериозноста и неконвенционалноста на традиционалните кодови на мажествената убавина, новиот мирис е создаден за смелите и еклектичните. Славењето на слободата во приказната #ForeverGuilty, продолжува. Gucci Guilty Pour Homme Eau de Parfum нуди нова интерпретација на оригиналниот мирис но, сега со чили пиперче и ноти на свежа роза.

Пикантен мирис кој е создаден да предизвикува!

Сугестивен и неочекуван, Gucci Guilty Pour Homme Eau de Parfum е дрвенесто-ароматичен пикантен мирис, кој е создаден да предизвикува. Модерна верзија на две култни состојки популарни во 70-тите години, розата и чили пиперчето ги заменуваат оригиналните горни ноти на розов бибер и италијански лимон од оригиналниот Gucci Guilty Pour Homme, со цел да создадат неочекувана и освежителна ретро вибрација. Топлата пикантност на црвеното пиперче, контрастирана со ароматична свежина, доза киселост и малку соленост, создаваат неочекувана сензација. Со додавање на поголема доза интензивност со екстракт од цвет од портокал, нероли и француска лавада, срцевината еволвира во посилна, помажествена изјава. Раскошот и сензуалноста во основата, се должат на нотите на пачули и кедрово дрво.

- Реклама -

Кампања

Репризирајќи ја својата улога, оскаровецот и музичар Jared Leto повторно се враќа како Gucci Guilty машки херој, на класичната американска и веќе позната локација: пералницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gucci Beauty Official (@guccibeauty) on

Пакување

Вметнато во тешко стакло, целосно обоено во црна боја со мат ефект, моќта на шишето на Gucci Guilty Pour Homme Eau de Parfum ја рефлектира интензивноста на новиот џус кој се наоѓа внатре. Високо и тенко, шишето е спакувано во црна кутија, акцентирана со препознатливото лого на модната куќа, двете испреплетени G букви, во сребрена боја.