Брендот Kilian ја прошири The Liquors линијата на парфеми, инспирирана од богатите и полни со ароми алкохолни пијалаци, за две нови изданија: Apple Brandy on the Rocks и L’Heure Verte. Мирисната линија The Liquors го отелотворува наследството на Kilian Hennessy како наследник на француското семејство кое произведува најфин коњак.

Hennesy

Додека првите два парфеми од The Liquors колекцијата – Angels’Share и Roses on Ice ги интерпретираа коњакот и џинот како мириси, двата нови парфеми ги претставуваат градовите Њујорк и Париз и нивните препознатливи пијалаци: бренди од јаболко со мраз и апсинт. Apple Brandy on the Rocks со потписот на акордот „on the rocks“ е инспириран од американскиот бренди на база на јаболка во својот најотмен, најладен облик, додека L’Heure Verte е химна на апсинтот, легендарниот париски пијалак.

Новите парфеми на брендот Kilian, Apple Brandy on the Rocks и L’Heure Verte by Kilian се мирисна музика на слободата на ноќниот живот кој доаѓа, претставен преку Њујорк и Париз.

The Liquors

- Реклама -

Шишенца како класични чаши!

Веднаш препознатливи, шишенцата делуваат како класични чаши со вгравиран знак „К“ кој ја рефлектира светлоста под сите агли.

The Liquors

Apple Brandy on the Rocks – мирисна реинкарнација на градот Њујорк!

Apple Brandy првпат беше осмислен од Sidonie Lancesseur за отворањето на водечкиот бутик Kilian Paris во Њујорк пред 8 години. Мирисот сега се враќа со оригиналната средна нота на бренди од јаболко, но овој пат со дополнително засилување, потписот Kilian Paris „on the rocks“, акорд кој се вклопи во аромата на ледениот пијалак изразувајќи го карактерот на брендот Kilian.

Kilian Apple Brandy on the Rocks bottle

Мешавината од бергамот, ананас и кардамон, додава возбудливост и современост. Свежината на Apple Brandy on the Rocks се одвива во основата на парфемот: препознатлив акорд на јаболко, крцкава овошна мешавина во хармонија со ноти на рум кои доловуваат аспект на ликер, заедно со мов и ванила. Нотите на кедар и амброксан, пренесуваат софистицираност во ноќта.

Apple Brandy on the Rocks е мирисна реинкарнација и неоспорена елеганција на „Големото јаболко“ – особено легендарниот ноќен живот.

Kilian Apple Brandy on the Rocks

L’Heure Verte by Kilian – мирис на париските диви ноќи и задоволства!

Изграден на пачули, неговите ноти се засновани на есенција на апсинт.

L’Heure Verte by Kilian го доби името по традиционалните француски зборови еквивалентни на „happy hour“, на ноќите кога се служеше апсинт со шеќер и чај во чаша. Пастелно зелената нијанса на апсинтот, се појавува повторно во L’Heure Verte by Kilian, парфемскиот еликсир, нежен како слика од Ван Гог.

LHeure Verte by Kilian bottle

Есенцијата на апсинт го отвора L’Heure Verte by Kilian, потоа единствениот и прецизно одбран аспект на пачули се спојува со триото земјени ноти заедно со ветивер и сандаловина.

Првата соработка помеѓу Kilian Hennessy и францускиот парфимер Mathieu Nardin го изразува Париз во најдоброто издание – толерантен, го менува животот во својот раскош и прекрасни илузии.

LHeure Verte by Kilian

Следете ја секоја ноќна забава!

Секој град има свој врв, Њујорк и Париз покрај Apple Brandy on the Rocks и L’Heure Verte by Kilian се секогаш спремни урбани икони да ја следат секоја ноќна забава.

Kilian The Liquors