- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Италијанскиот козметички бренд Collistar оди уште еден чекор напред со два иновативни производи: Hyaluronic Acid Molecular спреј со навлажнувачки ефект за лифтинг на кожата со хијалуронска киселина и Collagen Molecular спреј со колаген за зацврстување на брчките.

Прво капки, потоа крема, а сега молекуларен спреј!

Двата специјални спреја се најнапредниот одговор на растечкиот тренд кој ги задоволува сите потреби на “prêt-à-porter” козметиката, со други зборови решенија кои се подготвени за употреба, мултифункционални, брзо дејствувачки и способни да обезбедат брзи одговори на потребите на кожата. Да ги носите со вас секаде и во секое време од денот.

Жените сакаат производи кои се совршено прилагодени на нивниот брз начин на живот. Овие два молекуларни спреја се тука да помогнат. Тие комбинираат висока технологија со практичност, кои ги исполнуваат четирите суштински барања за овие денови и возраст.

Универзални!

Нивната цел се сите жени, а се погодни за сите типови на кожа и за сите возрасти, 365 дена во годината.

- Реклама -

Прилагодливи!

Тие се “prêt-à-porter”, секогаш да се на дофат на раката, за непроценлив козметички поттик. Сè што е потребно е само едно прскање. Tие можат да се користат на милион различни места, не само дома, туку и во канцеларија, во сала за вежбање, во движење, за да ја задоволат жедта на кожата.

Мултифункционални!

Тие комбинираат неколку различни функции. Можат да се користат пред вашиот вообичаен третман за да го зголемат ефектот или пак над шминка.

Моментални!

Тие се дел од новата генерација на концентрирани формули кои може да се применат лесно и веднаш, тие се со високи перформанси кои во моментот и даваат на кожата она што и е потребно, обезбедувајќи веднаш забележителни придобивки.

Резултати?

Кожата е прекриена со исклучително удобен ултратенок слој кој и дава чувство на виталност и свежина. Течноста почнува да дејствува веднаш и трае подолго време. Штом спрејот е нанесен, хијалуронската киселина дава интензивна навлажнувачка сензација, заедно со ефект на лифтинг – поткревање на површината на кожата.

Потоа постепено работи на тонот на кожата, зголемувајќи ја синтезата на хијалуронската киселина благодарение на моносахаридот содржан во формулата: глукозамин. Различните молекуларни тежини на супстанцата вршат различни функции. Високата молекуларна тежина на хијалуронската киселина има моќна способност да се поврзе со водата и да врши дејство на подигање на кожата. Хијалуронска киселина со ниска молекуларна тежина, покрај длабинското навлажнување на кожата, испраќа сигнал до фибробластите кои го поттикнуваат и реконструираат сврзното ткиво и го стимулираат производството на нова хијалуронска киселина.

Collagen Molecular спрејот од друга страна делува веднаш на компакноста на кожата, што ја прави посилна и поотпорна. Таа содржи два типа на колаген: колаген со висока молекуларна тежина кој работи на површината на кожата, што ја прави покомпактна и колаген со ниска молекуларна тежина кој дејствува длабоко во кожата во борба против формирањето на брчки. Формулата е збогатена со витамин Ц кој ја стимулира синтезата на драгоцениот протеин кој е од суштинско значење, за да го задржи ткивото еластично и тонирано. Со текот на времето производот ја зацврстува кожата, се бори против губење на тонот и спречува формирање на брчки.