Некогаш, алфа и омега на секојдневната рутина за убавина беа кремите за лице, но со текот на времето серумот за лице го презема најважното место во бјути ритуалот на многу жени. Не е ни чудно, бидејќи познато е дека серумот за лице е како крем на стероиди и ги носи сите придобивки на кремот, но во уште посилни концентрации.
Помазна и помлада кожа!
Станува збор за нов подмладувачки производ за нега на кожата со двојно дејство кој обезбедува помазна и помлада кожа, преку инјектирањето на хијалурон и пилинг со алфа-хидрокси (овошни) киселини, два добро познати дерматолошки клинички методи со докажана ефикасност. Деликатните состојки видно го подобруваат релјефот на кожата и дејствуваат дури и на најдлабоките брчки во текот на ноќта.
Потрошувачите сакаат производ кој што го помага регенеративниот процес и ја подобрува состојбата на брчките!
„Со возраста се успорува процесот на обновување на кожата. Тоа води до по-неефикасно ослободување од мртвите клетки, а кожата станува погруба и со нездрав сјај. Освен тоа, зрелата кожа ја губи својата еластичност и способноста да произведува доволно хијалуронска киселина, којашто е нејзиниот природен пополнувач на брчките.
Забележавме дека потрошувачите сакаат производ кој што го помага регенеративниот процес во кожата и истовремено ја подобрува состојбата на брчките. Го креиравме иновативниот Hyaluron-Filler ноќен пилинг и серум, којшто истовремено прави од една страна траен пилинг-ефект, а од друга страна ја измазнува кожата и ги пополнува брчките.“ -изјави Д–р Соња Доневска Петрушевска, Дерматолог, медицински претставник за Eucerin во Македонија.
Иновативниот Eucerin®Hyaluron-Filler ноќен пилинг и серум со двојно дејство!
Со новиот двокоморен систем за истовремено нанесување од два контејнера, Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум овозможува соединувањето на двете високоефикасни формули да биде непосредно пред употреба. Белиот контејнер содржи нежна емулзија од новиот комплекс на алфа-хидрокси киселини (AHA), составен од активни пилинг состојки како гликолна киселина, млечна киселина и глуконолактон (познат по своето постепено и многу лесно навлегување во кожата). Другата активна состојка е глицин-сапонин, познат по тоа дека го стимулира природното создавање на хијалуронска киселина во кожата.
Контејнерот со сребрена боја содржи освежувачки гел-серум со два вида хијалуронска киселина, коишто делуваат на различни нивоа – хијалуронската киселина со високомолекуларна тежина делува на фините линии во површинските епидермални слоеви, а таа со мала молекуларна тежина (40 пати помала молекула) навлегува подлабоко во кожата, каде што се формираат брчките.
Клиничките студии ширум светот ја докажаа двојната ефикасност на производот
-нежна ексфолијација на кожата,
-видно намалување на длабочината на брчките и фините линии,
-ефикасно подобрување на регенеративните процеси на кожата,
-добро хидрирана кожа,
-стеснување на порите.
Како се користи?
Ноќниот пилинг и серум добро го поднесуваат сите типови на кожа. Eucerin®Hyaluron-Filler ноќниот пилинг и серум може да се користи секојдневно. Се препорачува да се нанесува со нежни масажни движења на добро исчистена кожа.
За оптимални резултати Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум треба да се нанесува навечер пред ноќниот крем за нега којшто го користите, како на пример Hyaluron-Filler ноќен крем. Бидејќи формулата со алфа-хидрокси киселини (AHA) ја прави кожата почувствителна кон сончевата светлина, неопходно е преку ден да се нанесува дополнителна заштита од сонце, како на пример Hyaluron-Filler Дневен крем со SPF30.