- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Повеќе години наназад употребувам anti-aging производи за нега на кожата на лицето. Можете да бидете сигурни дека користењето на anti-aging третманите за мене претставува најголема грижа кога станува збор за производи за нега на кожата на лицето!

Но, еден судбински ден од 2013 година, Lancome го презентира својот “херој” во ешалонот на производи и го воведе Advanced Genifique активаторот на младоста.

Ги забележав рекламите на Advanced Genifique во списанијата, со месеци и месеци го пратев овој производ, многу се информирав за него и кога беше прогласен за најдобар серум, мислев… сигурно сите овие жени кои го користеле не згрешиле!

Камен-темелник на козметиката за подмладување!

Genifique serum za lice
Advanced Genifique познат како “малото црно шише”

Со појавувањето, Advanced Genifique беше крунисан како камен-темелник на козметиката за подмладување, со неверојатно голем број на признанија како ниеден друг производ, Advanced Genifique добиваше аплаузи низ целиот свет, а за повеќето тој едноставно е познат како “малото црно шише”, кое зрачи со елеганција и дава чувство на мистерија.

Lancome на својата веб страница ветуваше дека Genifique Youth Activator ја оживува активноста на гените и го стимулира производството на протеините на младоста. Кожата видливо ќе биде подмладена за само 7 дена. Капка по капка од активаторот на младоста, кожата ќе се врати во  животот. Полна со младост, кожата ќе изгледа оживеана од внатре – неверојатно блескава. Ќе и биде вратен  квалитетот од младоста: мека и кадифена на допир. Тенот ќе биде извонредно изедначен, а текстурата драматично поправена.

- Реклама -

Баш тоа ми требаше!

За среќа, почнав да го користам Lancome Advanced Genifique неколку месеци пред еден голем настан за мене. Имав потреба за брзо време да го вратам младешкиот изглед на моето лице. Мојот секојдневен ритуал ме натера да го употребувам наутро и навечер, верувајте го користев религиозно. Главната цел ми беше да ги активирам “гените на младоста ” во мојата кожа и да помогнам да се стимулираат клетките за создавање на младешки колаген.

Дали делува?

Advanced Genifique
Advanced Genifique е како течен, млечен серум

Мора да го спомнам иновативниот дизајн на исконското “мало црно шише” што доаѓа со апликатор со пумпица за полнење, инспириран од истите што се користат во истражувачките лаборатории за прецизно да ја испорачаат совршената доза. Со едно полнење, зазема точен износ на производот за оптимално нанесување на лицето за да се осигурете дека не сте земале повеќе од она што ви е потребно.

Конзистентноста на Advanced Genifique е како течен, млечен серум, воопшто не се чувствува на кожата, лесно се апсорбира. Само неколку мали капки е доволно за целото лице и вратот. Се шири како сон,  во рок од една минута серумот целосно се апсорбира во кожата. Значи, добив мека, хидрирана кожа и се чувствувам навистина добро откако го нанесов серумот. Можам да потврдам дека добро функционира на мојата комбинирана кожа, но ве уверувам дека е совршен и за сува кожа поради интензивната хидратација, но совршен е и за мрсна кожа, како резултат на супер-лесната текстура и чувство на кожата. Advanced Genifique е моќен серум против стареење кој во составот е без парабени, сулфати и фталати, така што сите кои имаат чувствителна кожа можат безбедно да го користат.

Advanced Genifique можеби нема да ви треба ако сте во вашите 20ти години, но никогаш не е премногу рано да започнете со anti-aging третмани. Кај мене, првото нешто што можам да го кажам за овој производ што најмногу се истакнува е драматичната разлика во текстурата на кожата на лицето. Сигурна сум дека сето ова е благодарение на мојата рутина со Lancome Advanced Genifique, која ми помага да го одржам младешкиот изглед на мојата кожа и ми ја дава аурата која е толку посакувана од мене, но верувам и од сите жени!

Се чувствувам свежо, а тоа некако се пресликува во сите други аспекти од мојот живот, што ми дава дополнителен поттик без разлика што правам!

Најдобриот дел?

Без оглед на тоа каков е вашиот режим за нега на кожата, Advanced Genifique може да се додаде во вашите навики, а тоа дури ја зголемува ефикасноста на другите производи за нега на кожата до три пати! Може да се користи со сите постоечки производи за нега на кожата.

Дали сум целосно убедена во овој изум на Lancome?

Можеби, но ќе продолжам да го барам следниот магичен серум! Рака на срце, морам да кажам дека Lancome Advanced Genifique ја докажа својата ефикасност во активирањето на визуелните знаци кои ја карактеризираат младешката кожа.

Кои се тие? Фини линии без груби брчки, сјај, природен изглед, а при допир: младешка текстура, еластичност, хидратација, цврстина и затегнатост!

serum za lice mk
Решение за жените кои сакаат да изгледаат помладо

Затоа со сигурност тврдам дека Lancome Advanced Genifique, е првиот и суштински чекор во негувањето на кожата на лицето, тоа е решение за жените кои сакаат да изгледаат помладо.

Планетарниот успех на овој производ е пропорционален на неговите исклучителни перформанси. Овој серум само за 7 дена дава видливи резултати, а продолжената употреба ја зголемува ефективноста на активаторот на младоста.

Advanced Genifique сè уште привлекува нови корисници ширум светот, а според некои податоци дури 85% од жените кои го пробале имаат намера повторно да го купат.

На крајот на краиштата, никој не може да каже “не” на магична напивка на младоста, нели?

Оваа љубовна приказна ќе трае долго време…