- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Веќе подолго време една антицелулитна крема не ја запалила толку бјути сцената, како што тоа му појде од рака на брендот Sol de Janeiro со Bum Bum Cream поради вниманието што го предизвика со ветувањето дека нозете и задникот ќе ги доведе во топ форма.

Чудотворно делување врз нозете и задникот за враќање во врвна форма!

Bum Bum Cream своите следбеници ги шармираше со името, веселото летно пакување, но исто така и со чудотворното делување врз нозете и задникот за враќање во врвна форма, помагајќи да се испеглаат сите оние нерамнини на кожата познати како целулит.

Коктел од моќни состојки!

За ефективноста на кремот заслужен е коктел од моќни состојки, предводени од чудотворната гуарана, едена од најмоќните форми на кофеин во светот кој ја стимулира циркулацијата и ја задржува кожата што е можно најмазна. На гуараната во оваа формула приклучени се уште некои други “тајни” јужноамерикански состојки. Cupuaçu путер – исклучително навлажнувачка состојка, Acai бобинки – го чистат и подмладуваат организмот и кокосово масло. Комбинирани, овие состојки даваат boost на задникот, ја одржуваат кожата на ова подрачје мазна и тонирана и ја намалува појавата на целулит.

- Реклама -

Bum Bum Cream стана уште подобар!

Лесната, свиленкаста текстура на кремот може да се користи и на други делови од телото и брзо се апсорбира, без никакво чувство на тежина. Сите пофалби за мирисот на кремот кој е сладок и со арома на орев. Иако летото помина, познатиот Bum Bum Cream стана уште подобар. Најдобро продаваното пакување од 240мл – што всушност е доста скромна количина на крем, доби наследник, нова Sol de Janeira Biggie Biggie Bum Bum Cream, во два пати поголемо пакување од 500мл. Ова значи дека Bum Bum Cream може да се користи без грижа, многу повеќе и подолго од самиот оригинал.

Пакувањето стана издолжено за зголемената количина на крем, а вклучена е шпатула за нанесување на нозете, задникот и областите погодени од целулит. Ваквото пакувањето е лимитирано издание кое носи илустрации од најпознатите локации во Rio de Janeiru, како плажата Ipanema.

За возбудата која ја донесе новата и поголема крема доволно зборува фактот дека по лансирањето интересот за антицелулитната крема е огромен.

Не треба да заборавите на вашиот целулит!

Иако доаѓаат постудени денови, не треба да заборавите на вашиот целулит, може да започнете да се борите со него уште денес.

Производите на брендот Sol de Janeiro не можат да се набават кај нас, но можат да се купат во соседството.