- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дали на кожата на лицето секогаш и треба константна и интензивна хидратација? Благодарение на Clinique, кожата на вашето лице може да биде здрава, сјајна и што е најважно хидратизирана со Clinique Moisture Surge Sheertint Hydrator SPF 25 и Clinique Moisture Surge Eye 96-Hour Hydro-Filler Concentrate.

Clinique Moisture Surge Sheertint Hydrator SPF 25

Иновативната технологија со помош на липиди и пигменти овозможува изглед на мека и хидрирана кожа. Транспарентната нијанса овозможува покривност за повеќе тонови на кожа. Clinique Moisture Surge Sheertint Hydrator овозможува антиоксидантна заштита во текот на целиот ден од модерните агресори како UV зраците, загадувањето и нечистотијата во воздухот. Наменета е за сите типови на кожа, има 12 часовна долготрајност, лесна покривност и природен сјај.

- Реклама -

Clinique Moisture Surge Eye 96-Hour Hydro-Filler Concentrate

Clinique Moisture Surge Eye 96-Hour Hydro-Filler Concentrate е производ кој обезбедува 96 часовна хидратација! Станува збор за исклучително лесен гел на база на вода кој моментално ја хидрира чувствителната кожа околу очите. Конкретно, го навлажнува пределот околу очите со помош на привлечната моќ на самообновливата Lipid-Sphere технологија. Веднаш по нанесувањето се добива чувство на затегнатост, кожата е мазна и со свеж изглед. Очите изгледаат помладо благодарение на витаминот B3, пептидите и липидите, како и присуството на зелените алги.

Како се нанесува?

За моментално затегнување! Концентратот се нанесува на врвот на прстите и нежно се натапкува околу очите.

За подготовка на кожата за шминка! Концентратот со големина на зрно грашок се нанесува на врвот на прстите, а потоа се протрива меѓу прстите за да се расчленат зрната. На крај, нежно се масира и веќе имате одлична подлога за шминка.