- Реклама -

Мастер парфумеристот Olivier Cresp креира нова верзија на парфемот Lacoste Pour Femme, кој првично беше лансиран во 2003 година. Оваа женствена и поинтензивна верзија е инспирирана од женската гардероба на Lacoste, која се карактеризира со елегантни и едноставни силуети, со ултра прецизни кроеви. Со овој нов мирис Lacoste ги поставува правилата за победа во играта базирана на фер-плеј и елеганција.

Уникатната француска елеганција!

Lacoste Pour Femme Intense е концентрација на женственост, космополитска суштина потопена во уникатната “Elégance à la française” или француска елеганција. Парфем кој прикажува личност без ароганција, комбинирајќи нежност со смелост и самодоверба со совршена елеганција.

Шармантен парфем кој оживува откако ќе се нанесе на кожа!

Со повторно враќање кон оригиналната структура на мирисот, Olivier Cresp го става акцентот на нежната сензуалност, создавајќи мирис кој се отвора со модерна, суптилна карамела, со боја како исончан тен. Кревката и деликатна срцевина од роза ја навестува сензуалноста на мошусните ноти како и во оригиналниот мирис, поддржани со мирис на хималајски кедар и интензивна нота на топло сандалово дрво. Овој нов и шармантен парфем изгледа како да оживува откако ќе се нанесе на кожа. Тој е како меко, перфектно кадифе. Овој привлечен, неодолив женствен мирис едноставно флертува со сетилата.

- Реклама -

Редизајн на култното шишенце!

За новиот Eau de Parfum Intense, брендот се одлучи да го редизајнира култното шишенце. Исто како и оригиналното, високо и тенко, со суптилни облини, шишенцето овој пат  е украсено со градација на бакарната боја, која на дното е проѕирна, а движејќи се кон капачето станува поинтензивна. Топло, безвременско шишенце кое на него го носи препознатливото лого крокодил во сребрена боја. 

Кампања: Париски амбиент!

За да го прикаже и долови мирисот, австралискиот фотограф Eeles ја насочува неговата камера кон типичен париски амбиент: поплочен плоштад со елегантна зграда од камен. На овој начин тој ја доловува Lacoste жената, облечена во бел џемпер, мантил, патики и пантолони во кремава боја со нагласена црна трака од страните. Нејзината елеганција зрачи со природност, додека нејзината привлечност потврдува модерен, спортски и урбан став.

- Реклама -