Новата генерација на мириси на модната куќа Calvin Klein отелотворена во изданието Calvin Klein Women од 2018 година, мирис инспириран од манифестираната разновидност на женственоста и силата на жените кои ги комбинираат елементите на свежина, енергија и сензуалност. Неговата прва реинтерпретација насловена е како Calvin Klein Women Eau de Toilette.
Храбра верзија за самоуверена жена, полна со оптимизам!
Calvin Klein Women Eau de Toilette мирисот со свежи цветно-дрвенести ноти, донесува нов бран на освежување и леснотија, замислен како храбра верзија за самоуверена жена, полна со оптимизам.
Спојот на дрвенести, топли и цитрусни ноти очигледно укажува на ведрина и одлучност.
Новиот Calvin Klein Women мирис е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.