Секоја мејкап рутина започнува со добра основа која најчесто се наоѓа во комбинација од пудра и коректор кои заедно создаваат изедначен тен и ги прекриваат сите помали недостатоци. До неодамна за добра пудра моравме да издвоиме повеќе пари, но во последниве години брендовите за убавина кои се достапни во секоја парфимерија доживеаја вистинска мала револуција. Комбинацијата на се подобри и повеќе различни формули со поголем избор на нијанси, нудат се што може да се посака од шишенцето со течна пудра.
Брендот за убавина L’Oreal одговори на потрагата по добро прифатлива течна пудра!
Една од најпопуларните пудри која може да застане рамо до рамо со пудрите на луксузните брендови за убавина е течната пудра Infallible на брендот за убавина L’Oreal кој одговори на потрагата по добро прифатлива, истовремено издржлива и лесна за кожата течна пудра. Покрај оригиналната верзија на популарната пудра, L’Oréal пред неколку сезони ја претстави својата матирачка верзија како совршен избор за сите оние кои имаат масна кожа. Сега, Infallible пурата доаѓа во уште едно ново издание, во кое нејзината издржливост е дополнително нагласена, а свежиот изглед е загарантиран во текот на целиот ден.
Нова Infallible 24 Fresh Wear течна пудра за свеж изглед во текот на целиот ден!
L’Oreal Paris пред неколку дена ја претстави Infallible 24 Fresh Wear, ново издание на една од најпопуларните пудри, која е со добро позната и почитувана формула, но со нов пресврт. Она што го прави посебно новото издание на Infallible течната пудра е дополнителната издржливост понудена во водоотпорна формула, што ќе биде одличен избор за сите оние чие животно темпо е интензивно и забрзано. Новата формула ветува свеж изглед во текот на целиот ден, а големиот избор на нијанси гарантира дека ќе ја пронајдете својата нова омилена течна пудра.
Нови мејкап производи кои посакувам да ги пробам оваа есен!
L’Oreal Paris Infallible 24 Fresh Wear веќе се наоѓа на листата на нови мејкап производи кои посакувам да ги пробам оваа есен, а наскоро ќе може да се најдат на полиците на парфимериите кај нас.