- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Пред неколку години, поточно во 2016 година, бјути брендот YSL претстави една од најнапредните течни пудри во тоа време – Touche Éclat Le Teint, опишувајќи ја како основа на новата генерација која изедначува и покрива, ги отстранува видливите знаци на стареење и лицето го обвива со здрав сјај. Не требаше многу време жените да се заљубат во неа, бидејќи покрај високата ефикасност на течната пудра, тука беше и познатото име Touche Éclat – според најпознатиот хајлајтер во светот.

Touche Eclat Le Teint and Touche Eclat Illuminating

4 години подоцна, YSL Beauty излегува со најновата Touche Éclat иновација – течна пудра со исто име Touche Éclat Le Teint, но нејзината формула сега е уште подобра и прилагодена на денешните жени, како и очекувањата што ги имаат од совршена пудра за лице.

Што ни ветува новата YSL Beauty течна пудра?

Течната пудра Touche Éclat Le Teint обезбедува моќ на покривање до импресивни 24 часа, со лесно чувство на кожата и 24-часовна хидратација за долготраен и беспрекорен изглед. Пудрата овозможува лесно надградување до целосно покривање, истовремено обезбедувајќи природен, здрав сјај и беспрекорен изглед без да чувствувате тежина и лепливост на кожата. Покрај тоа, пудрата има СПФ 22 за секојдневна заштита на кожата.

- Реклама -

touche eclat le teint b50

Нов дизајн на шишето на вашата омилена течна пудра!

Течната пудра Touche Eclat Le Teint сега доаѓа во ново шише со елегантни, златни детали. Дизајнот на шишето можеби ви изгледа познат, бидејќи иста форма само во црна боја има течната пудра YSL – All Hours Foundation Encre De Peau.

touche eclat le teint bottle

Како да се избере вистинска нијанса?

Заедно со пудрата доаѓа корисен водич за избор на вистинска нијанса – секоја нијанса има своја ознака според која лесно ќе ја изберете идеалната за вашиот подтон на кожата:

B или „BEIGE“ е погодна за неутрални подтонови на кожата.

BD или „BEIGE DORÉ“ е погодна за топли подтонови на кожата.

BR или „BEIGE ROSÉ“ е погодна за ладни подтонови на кожата.

touche eclat le teint shades

Зошто оваа течна пудра е уште подобра од нејзината претходничка?

Новата Touche Eclat Le Teint е уште помоќна, сјајна и беспрекорна пудра со обновена формула. Формулата како главен сојузник на кожата е со лесна текстура и финиш, сега зајакната со билки од градините YSL Beauté Ourika, оаза на недопрени предели на мароканскиот планински масив Атлас, познат по екстремни услови каде билките ги собираат локални жители кои го разбираат нивниот моќен ефект.

Комплексот од состојки се состои од: екстракт од невен познат по измазнувањето на тенот, екстракт од слез познат по осветлувањето на кожата и дериват на витаминот Е познат по заштитата на кожата од надворешните агресори.

Новата пудра има 3 клучни позитивни ефекти врз кожата: природен здрав сјај, 24-часовно дишење на кожата и 24-часовна хидратација за беспрекорна кожа без компромиси.

touche eclat le teint ingredients