Мирисната колекција Acqua di Gioia на брендот Giorgio Armani лансирана со истоимениот мирис во 2010 година, за изминативе девет години беше надополнета со девет прекрасни мириси, а последните три лансирања беа инспирирани од воздух, сонце и небо, преку парфемите Air di Gioia, Sun di Gioia и Sky di Gioia.

Блескава композиција полна со свежи цитрусни и цветни елементи!

Најновата мирисна креација ќе пристигне во парфимериите од Март 2019 година. Новиот Light di Gioia ќе ја слави светлината, подарувајќи блескава композиција полна со свежи цитрусни и цветни елементи, пренесувајќи го чувството на спокој и топлина на сонцето, кога се ближи зајдисонце, но сепак нежно ја милува, допира и грее кожата.

Light di Gioia – светлост на сончеви зраци!

Парфемот Light di Gioia светлоста на сончевите зраци ги опишува преку капки од бергамот, со цитрусна свежина на зелено-жолти и благо-лути софистицирани ароми. Цветното срце ги развива опојните ноти на јасмин во комбинација со прекрасни кремасти гардении, заокружени со бел мошус и дрвенести нијанси во основата на парфемот.

- Реклама -

Нови редизајнирани шишенца!

Мирисот Light di Gioia доаѓа во редизајнирано шишенце кое наликува на претходните изданија и со капаче во жолта боја, алудирајќи на полу-драгиот камен цитрин. Претходните мирисни изданија исто така ќе добијат редизајнирани шишенца со нови капачиња во стилот на полу-драги камења.

Giorgio Armani Light di Gioia парфемот ќе биде достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.