Carolina Herrera лансира ново, колекционерско издание инспирирано од дизајн со туфни, а легендарното шишенце осмислено е од Carolina Herrera de Baez во соработка со Karlie Kloss, која е рекламно лице на популарниот мирис. Good Girl беше лансиран во 2016 година и досега има неколку колекционерски изданија со непроменета мирисна композиција од оригиналното издание. За атрактивното шишенце во облик на женска штикла сега е избрана црна боја и шармантниот „polka dot“ дизајн.
Разиграни, безгрижни и фасцинантни туфни!
Туфните се разиграни, безгрижни и фасцинантни, оставајќи впечаток на самодоверба и на софистицираниот начин на живот на Carolina Herrera. Како што кажува дизајнерката, понекогаш наједноставните работи се нај продорни.
Karlie Kloss лице на парфемот!
„Беше навистина посебно чувство да се работи заедно со тимот од Carolina Herrera и да се осврне на историјата на брендот при одлучувањето за креативноста на најновата кампања“, изјави Karlie Kloss амбасадорка на парфемот.
„Освен што се безвременски моден додаток, туфните имаат неверојатно значење за брендот Carolina Herrera и поврзуваат повеќе нешта во оваа кампања: гламур, женственост, оптимизам и самодоверба“ – додава Kloss.
Шишенце украсено со бели туфни во себе ја чува оригиналната композиција!
Црното шишенце во форма на штикла украсено со бели туфни кај Carolina Herrera Good Girl Dot Drama во себе ја чува оригиналната композиција на парфимерот Louise Turner . Парфемот се отвора на ноти на бадем и кафе, свеж бергамот и лимон, во срцето преовладуваат јасмин, тубероза, Дамаск роза, корен од ирис и цвет од портокал, а базата е гурманска од какао, пралина и цимет додатно загреана со тонка, пачули, ванила, сандалово дрво, кашмир, кедар и мошус.
Колекционерското издание Carolina Herrera Good Girl Dot Drama ќе биде достапно во шишенце од 80 мл, како Eau de Parfum во ограничено издание за 2019 година.