Kim Kardashian ја промовираше својата нова колекција на мириси KKW Fragrance Opals, најнови парфеми што се приклучија на нејзината парфемска империја. Новата мирисна трилогија е претставена како нешто ново и различно, преку три мирсни креации инспирирани од скапоцениот камен опал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KKW FRAGRANCE (@kkwfragrance)

Парфеми страсни по природа!

KKW Fragrance овојпат претстави нешто ново, мирисна колекција наречена Opal. Најновата линија со три различни мириси содржани во блескави шишиња во форма на јајце со цветни, овошни и земјени креации, инспирирани се од истоимениот скапоцен камен. Трите различни мириси насловени се како Opal Mood, Opal Drip и Opal Energy.

KKW Fragrance Opals

Мирисот на опал има за цел да ја интензивира љубовта!

Опал е камен со кој Kim има длабока врска. Опалот може да биде во различна форма на кружни камења кои имаат силни врски со лојалноста, довербата и среќата. Сепак, преку оваа колекција, мирисот на опал има за цел да ја интензивира љубовта, страста, лојалноста и довербата.

- Реклама -

Навистина сакав да ги предизвикам тие емоции преку сите три мириси. Едвај чекам да ги пробате овие нови мириси“, напиша Kim Kardashian на Инстаграм.

Opal Mood

Блескави цитруси и росно овошје се мешаат со чист јасмин, свежа фрезија и нектар од растението познато како орелски нокти за да создадат сјајно женско срце. Кремасто сандалово дрво, свилен мошус и кедар го обвиткуваат овој мирис со сензуалност.

KKW Fragrance Opal Mood bottle KKW Fragrance Opal Mood fragrance

KKW Fragrance Opal Mood Kim Kardashian

Opal Drip

Се отвора со росно зеленило и смирувачка лаванда, а мирната мешавина од ливчиња од tagetes, бел јасмин и воден крин ги преплавуваат вашите сетила. Во исто време во позадина се развиваат мириси на зашеќерен килибар, дабова мов и ореол од мошус.

KKW Fragrance Opal Drip bottle KKW Fragrance Opal Drip fragrance

KKW Fragrance Opal Drip Kim Kardashian

Opal Energy

Овој мирис е претставен преку калеидоскоп во бои на сјаен лимон и интензивен ѓумбир. Во срцето доминира букет од тубероза, цвет од портокал и нежен крин од долината, надополнети со топлината од сандаловото дрво, земјен пачули, мошус и ванила.

KKW Fragrance Opal Energy bottle KKW Fragrance Opal Energy fragrance

KKW Fragrance Opal Energy Kim Kardashian