Ова лето Guerlain го лансира новиот L’Homme Idéal Cool, како надополнување на оригиналниот L’Homme Ideal од 2014 година. Други изданија кои се вклучени во машката мирисна линија L’Homme Idéal се: L’Homme Ideal Cologne од 2015 година, L’Homme Idéal Eau de Parfum од 2016 година, L’Homme Idéal Sport од 2017 и L’Homme Idéal L’Intense од 2018 година.

Идеален маж е мит! Но, неговиот мирис реалност!

Идеален маж е мит! Но, со L’Homme Idéal Cool, Guerlain го направи неговиот мирис реалност“.

L’Homme Idéal Cool е создаден како дрвенест мирис кој ќе ви овозможи да останете освежен без оглед на големата летна топлина. Мирисната композиција е создадена со изненадувачка мешавина на нане, бадеми и дрвенести ноти.

 

Бадем – мирисен печат на сите L’Homme Idéal изданија!

Бадемот кој е мирисен печат на сите L’Homme Idéal линии, повторно е оркестриран со свежината на три „бранови“ од ноти – бергамот и портокал во идеална мешавина со нане – нероли и водени ноти – пачули и ветивер кои даваат карактер и длабочина на мирисот.

Шишенце со карактеристики на своите претходници!

Шишето ги носи карактеристиките на своите претходници со нагласени и дефинирани агли, со чисти линии и единствени сиви страни на лакирана мат површина.

Мирисот Guerlain L’Homme Idéal Cool е достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.