1 Million Lucky и Lady Million Lucky од Paco Rabanne ќе бидат новите интерпретации на познатите мириси!

Популарните парфеми на брендот Paco Rabanne 1 Million од 2008 година и Lady Million од 2010 година добиваат нови интерпретации кои ќе се лансираат оваа пролет – 1 Million Lucky и Lady Million Lucky.

Остварете ги своите соништа за да го изградите својот живот. Интензивно. Грабни ја среќа кога ќе се појави. Без граници. Живејте го секој момент без одлагање.

1 Million Lucky Eau de Toilette, остварете ги своите соништа!

1 Million Lucky Eau de Toilette најавен е како пулсирачки и волшебен мирис со дрвенести и гурмански мирисни ноти. Lucky е најавен како свеж, весел и сензуален мирис. Нотите од лешник го збогатуваат составот на дрвенестите елементи, а свежите озонски акорди се во комбинација со слива.

- Реклама -

Достапен ќе биде во 50 и 100 мл како Eau de Toilette.

Lady Million Lucky Eau de Parfum, изгради го својот живот!

Lady Million Lucky Eau de Parfum претставува возбудлив момент со еуфорична свежина и сензуална цветна композиција. Мирисниот акордот на розата е најавен како раскошен и шик, со препознатливи ноти од малина и мед и дрвенестите ноти на сандаловина и лешник.

Достапен ќе биде во 30, 50 и 80 мл како Eau de Parfum.

Парфемските шишенца го пратат дизајнот на оригиналот, но во боја на платина. Новите лица на кампањата се Sophia Ahrens и Jordan Barrett.