- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Затворете ги очите и замислете дека сте во Медитеранот опкружени со звуци на бранови, сончеви зраци и незаменлива есенција на виталност. Пристигна Acqua di Parma Bergamotto di Calabria новата сензација, дали сте подготвени?

Acqua di Parma Bergamotto di Calabria La Spugnatura е богат мирис, светол и полн со живот и го слави бергамот како срцевина на La Spugnatura мирисната симфонија. Мандарината и портокалот го нагласуваат сочниот, овошен акцент, додека цитронот ги истакнува киселите ноти. Зелените тонови на ферулата (род од околу 170 видови цветни медитерански растенија), ги откриваат неговите минерални интонации, а цветните траги од геранија заведуваат со заносна сладост.

Мирис создаден со највредните занаетчиски тајни!

Божествената композиција создадена со единствена занаетчиска техника на извлекување есенцијално масло од бергамот, спакувана во посебно, рачно направено и отсликано порцеланско шишенце, подарок за вистинските вљубеници во брендот Acqua di Parma.

Желбата и целта на познатиот луксузен бренд е да ги зачува најстарите и највредните занаетчиски тајни, зачувани во италијанските области. Потеклото на новиот мирис длабоко е вкоренето во полињата со бергамот во областа Калабрија.

- Реклама -

Занаетчијата со добро наострен нож ги сече овошките на две еднакви половини. Потоа, користејќи алат во облик на лажица наречен „cavatore“ ја одвојува кожата од пулпата. Веднаш потоа, кората на бергамот рачно се притиска со морски сунѓер (процес sfumatura) кој го апсорбира есенцијалното масло од бергамот. Во завршната фаза, занаетчијата со прецизни движења го цеди сунѓерот полн со ова драгоцено, мирисно масло и го чува во внатрешноста на садот од теракота.

acqua di parma bergamotto di calabria how is it made

Потребни се најмалку 200кг бергамот за да се добие килограм од есенцијалното масло. За еден ден напорна работа се собира околу 4кг есенцијално масло од бергамот и резултатот е неповторлив.

Шишенцето е мало уметничко дело!

Уникатното порцеланско шише создадено во занаетчиско производство се карактеризира со тоа што покрај природните, минерални компоненти од кои е направено, не е пропустливо и не ја загадува животната средина.

Долготрајниот процес на изработка на овие шишенца, од истурање на смесата во специјално изработен гипсен калап, преку сушење, отстранување на неправилности, печење, сликање, доведува до специјално и рафинирано, мало уметничко дело кое сигурно ќе го чувате како украс во вашиот дом и кога ќе го потрошите мирисот. Хармонијата е надополнета со сино, порцеланско капаче.

acqua di parma bergamotto di calabria how it is made bottle

Мирис внимателно дизајниран до најситниот детаљ!

Дизајниран исклучиво во амбалажа од 100мл, Acqua di Parma Bergamotto di Calabria е направен внимателно до најситниот детаљ. Етикетата е направена од реупотребени материјали во прав со потекло од рудник за мермер.

Препознатливата Acqua di Parma цилиндрична кутија е обвиена со FSC сертифицирана хартија во посебна сина боја чиј тон е во совршен склоп со сините тонови на порцеланското шишенце. Етикетата на кутијата е направена со истиот процес и од истиот материјал како етикетата на шишенцето. Конечно, посебна карактеристика на ова издание е малиот, златен печат кој го прикажува овошјето бергамот со врежан натпис „Limited edition – La Spugnatura“.

acqua di parma bergamotto di calabria bottle