Davidoff претстави два парфеми од Cool Water мирисната линија – Cool Water Intense за него и за неа. Познатиот парфимер Pierre Bourdon кој пред 30 години ги креираше славните мириси со користење на иновативната молекула – dihydromyrcenol во комбинација со лаванда, но и со повеќе од 18 природни состојки вклучувајќи ги: здравец, розов бибер и етерични масла од портокал. Создавањето на Cool Water предизвика појава на еден нов стил на свежи, водени – fougère мириси.
За да ја прослават својата легендарна креација и да отворат ново поглавје, Davidoff се одлучи да лансира два нови Еau de Parfum – Cool Water Intense.
Свежо цитрусно отворање со зелена мандарина!
Предизвикот да се зајакне интензитетот на Cool Water мирисот без да се изгуби свежината, го прифатија парфимерите Annick Menardo, Amandine Marie и Christophe Raynaud, потполно свесни за култниот статус на Cool Water линијата. Тројцата парфимери одговорија на задачата со ставање во контраст на свежото цитрусно отворање на мандарина со бујната и неочекувана нота на овошје во срцето на мирисот. Зелената мандарина која се користи во композицијата рачно се собира од страна на заедницата во Vale Do Caí во Бразил, како дел од одржливо партнерство.
Cool Water Intense for Him
Машкиот Intense мирис, создаден од страна на парфимерката Annick Ménardo со мешање на ноти на зелена мандарина со кокосова вода во срцето на мирисот и топла килибарна база.
Cool Water Intense за мажи ќе биде достапен во 40, 75 и 125 мл, како Eau de Parfum.
Cool Water Intense for Her
Женската верзија на мирисот е потпишана од страна на парфимерите Amandine Clerc-Marie и Christophe Raynaud. Нотите на зелените мандарини се мешаат со егзотични цвеќиња и ноти од тропско овошје mangosteen.
Cool Water Intense за жени ќе биде достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.
Шишенца со естетика верна на оригиналните изданија!
Естетиката на Davidoff Cool Water Intense останува верна на оригиналната линија. Davidoff Cool Water Intense за мажи добива темно сино шишенце, а шишенцето на парфемот за жени е обоен во боја на лаванда.
Christian Hogue и Vanessa Moody – заштитни лица на парфемите!
Лицата за новата рекламна кампања се моделите Christian Hogue и Vanessa Moody. Видео-кампањата е потпишана од Terence Neale, а фотографијата од Lachlan Bailey.