Paco Rabanne Olympéa Legend & Invictus Legend
Paco Rabanne ги претстави Invictus Legend и Olympéa Legend, новите изданија на популарните мириси Invictus и Olympéa, заедно со новата рекламна кампања наречена „The Race“.
Invictus Legend и Olympéa Legend се предодредени да победат и носат нова динамика во парфемската колекција Paco Rabanne.
Invictus Legend
Мирисот е потпишан од страна на парфимерот Domitille Michalon-Bertier во соработка со Nicolas Beaulieu. Новата мирисна варијанта на Invictus ги задржува некои од клучните кодови – мажественост, тензија, свежа сензуалност, но исто така клучните состојки – ловоров лист, грејпфрут и guaiac дрво. Invictus Legend остава трага за да биде пронајден во врелиот песок додека зрачи со дрвенесто-зачински, огнен интензитет.
Invictus Legend нуди свеж адреналин преку нотите на гераниум, зелен ловор и грејпфрут. Контрастната ароматична свежина сјае со зачини и топол бран како „торнадо“ од guaiac дрвото и црвен килибар.
Olympéa Legend
Позади најновото издание потпишан е Loc Dong, парфимерот кој ја создаде Olympéa. Olympéa од 2015 е мешавина на бели водени цветови со акорди на ванила. Olympéa Legend го задржува својот карактер – двојна структура која лебди помеѓу свежината и сензуалноста, а потоа ванила, цвет од ѓумбир и солени акорди, но во нова структура. Создаден е ориентален мирис со потопол, светол цветен квалитет – ехо на пустината. Уште една уникатна мешавина –„слива-сол-ванила“.
Божествената цветна илузија нагласена е со цветови од ѓумбир, во комбинација со цвеќе од пустина кое е свежо, зелено и бујно. Цветната мешавина е неутрализирана со комбинација на килибар и песок и затоа станува сончево сјајна. Овошните акорди создаваат зависност која доаѓа од сливите кои се раствораат во енергична и кремаста ванила. Зрната од тонка ја откриваат аромата на бадем, давајќи и на композицијата задоволство полно со нијанси.
Рекламна кампања!
Две посебни суштества. Природата генерално била љубезна спрема нив. Invictus HIGH LEVEL HERO. Olympéa SUPER-GODDESS. Таа е жена која има. Неговото хоби е победа. Повеќе од се, двајцата сонуваат акција и предизвик кој ќе можат да го поделат.
Пустинска топлина и непријателски терен. Invictus и Olympéa одат по песокот во новата земја сами против сите. Зад нивните петици е див конвој. Засилен со керозин. Моторите се тресат… и тоа е моментот кога ќе се појави неволја. Динамика, спектакуларно возење, директно од филм.
Рекламното лице за Invictus Legend е Nick Youngquest, додека рекламното лице за Olympéa Legend е Luma Grothe. Ќе ги видите во рекламна кампања и видеото кое е снимено во пустината во Намибија.
Режисерот François Rousselet во новата кампања ја освојува црвената пустина во Намибија. Најстара во светот, со највисок дини. Навистина извонредна. А во духот на кинематографски филм со сите кодови на супер продукција, тој сними нешто што е дел од епска авантура во духот на научна фантастика. Бркотницата со нашите пирати во пустината – одметници без вера, со тркачки автомобили – вистински лоши момци, оние кои ги сакаме. Мотори кои се прегреани… Прашина, експлозија, вистинска претстава…
Филмот е возбудлив, поради своите импресивни широки снимки, интензивни сцени и динамика. Ултра-реалистичен поради фактот дека декорот е реален и зачинет со специјални ефекти. Исто така филмот е со големи технички предизвици – лошите момци во песокот возат моторни возила создадени од Alex Wheeler и се забавуваат со изведување на акробации во полна брзина и во реални услови.
Како бонус на видеото и визуелната кампања, Paco Rabanne го преставува интерактивното видео „Rewind“ што овозможува пристап до тајните од снимањето и нуди совети како да ја гледате новата кампања. Искуството исто така ќе биде префрлено во парфимериите.
Нурнете во светот на кинематографијата и застрашувачкиот свет на Legend!