- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

После дрвенесто-зачинското и ароматично деби во концентрација од парфемска вода на Boss Alive Eau de Parfum претставен во 2020 година, Hugo Boss лансира нова верзија на мирисот Boss Alive Eau de Toilette. Новиот мирис ги фаворизира цветните ноти кои ги смируваат топлите и кремасти дрвенести нијанси, совршено опишувајќи го мирисот како оптимистички дух на жената, нејзината топлина и насмевка.

Главна улога на креацијата им е дадена на цветовите!

Композицијата на мирисот се отвора со живи цитрусни ноти и овошје кои ги осветлуваат цветовите на кои всушност им е дадена главната улога на креацијата. Сочни јаболка, блескави мандарини и лимони се комбинирани со магнолија, која ги развива своите ароми и се меша со цветното срце на Самбак јасмин, мајска роза и жалфија во срцето, закотвени на топла основа од сандалово дрво, кедар и мов. Парфимери на новата креација се Marie Salamagne и Honorine Blanc.

- Реклама -

За тоалетната вода избрани се понежни нијанси!

Рекламно лице на новата креација е актерката Emma Roberts, додека шишето остана непроменето, дизајнирано од Amélie Riech. За тоалетната вода избрани се понежни нијанси отколку за шишето со парфемска вода, со раб на шишето и капаче во светло розово злато, додека бојата на течноста на мирисот е нежно розова.

Boss Alive Eau de Toilette е достапен во количини од 50 и 80 мл.