- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Создаден целосно од жени, за жените, BOSS Parfums го открива ALIVE, мирис за жени кои прават смели потези.

Независни, елегантни и моќно женствени – жените кои го претставуваат духот на ALIVE, разбираат дека спонтаноста и среќата се исто толку важни за нивната приказна, исто како и посветеноста и фокусот. Тие знаат дека да се биде вистински кон самите себе, е нивната најголема сила.

Создаден да го прослави блаженството на секој момент, најновото дополнување во BOSS Parfums портфолиото, е потсетник да се живее животот секој ден до максимум.

Кампања со четири светски таленти!

Во кампањата за овој новитет, учествуваат четири светски таленти: Emma Roberts, Bruna Marquezine, Laura Harrier и Chloe Bennet. Кампањата нуди уникатна перспектива за искуствата кои прават тие да се чувствуваат живи. Во рекламата е прикажано како четирите уживаат во едноставноста на секојдневните моменти додека се надвор и околу Лос Анџелес, исполнети со заразлива енергија, додека серијата фотографии-портрети, ја изразуваат нивната индивидуалност.

- Реклама -

Emma Roberts – непореклив талент, актерка која направи импресивна филмска и телевизиска кариера во текот на повеќе од една деценија.

Bruna Marquezine – една од највлијателните личности и модели на нејзината генерација. На возраст од 23 години и со кариера од повеќе од една декада, таа е една од најактуелните и најпознатите бразилски актерки.

Laura Harrier – родена во Чикаго, ја започнува својата кариера на 17 годишна возраст како интернационален модел, со што го шета целиот свет и се најде на страниците на модните списанија. Моментално е фокусирана на глума со улоги во наградувани најпопуларни филмови.

Chloe Bennet Wang – актерка, активистка и музичарка, најпозната по главната улога како „Daisy Johnson (aka Quake)“ во филмот „Marvel’s Agents of S.H.I.E.L.D.“

Разигран мирис!

ALIVE е овошен и дрвенест парфем, креиран од реномираната парфимерка Annick Ménardo, како женски придружник на култниот BOSS Bottled машки мирис. Разигран мирис, ALIVE е дизајниран да ги инспирира жените да го живеат животот до максимум секој ден. Мирисот се развива преку ноти на енергетско јаболко, остар мирис на црна рибизла, слива, како и топол цимет, кој го потсетува оној што го носи дека животот најдобро се живее динамично. Дополнувањето од природна мадагаскарска ванила, станува маркер на парфемот, симбол на joie de vivre (радост на живеењето) кој ALIVE жената го поседува. Во флоралната срцевина, индискиот јасмин самбак во контраст со мајчина душичка ги обвиткува сетилата. „Столбот“ или основата на мирисот е составена од вибрантни и силни ноти на дрва, кои се всушност компонирани од ноти на кинеско кедрово дрво, нежно и кремасто сандалово дрво, маслиново дрво и златно дрво од Алјаска, кое нуди смирувачка топлина и сила која ја инспирира ALIVE жената да маршира во нејзин ритам.

Шишенце со архитектонски облик!

Елегантното шишенце со архитектонски облик е дизајнирано од страна на германската изработувачка на накит, Amelie Riech. Тешкото стакло е врамено во златна рамка, цврст и опиплив потсетник дека среќата може да се најде во секој момент.

Amelie коментира: „Сметам дека BOSS е многу моќен во поглед на машко влијание, па затоа беше интересно да се создаде женски мирис и да се види како би можеле да го отелотвориме ова за сите жени. Кога го гледам шишенцето, гледам многу повеќе од тоа. За мене, тоа е парче накит, ремек дело, скапоцен камен, нешто многу вредно“.