дома Блог Страна 158

Анабела: -30% попуст на Givenchy парфемите

anabela parfimerija

Анабела парфимерии ве изненадува со -30% намалување на парфемите од целиот асортиман на брендот Givenchy.

- Реклама -

Анабела: -25% на Versace Eros машки парфем

Анабела: -25% на Versace Eros машки парфем сега EDT од 50мл само за 2790 денари

- Реклама -

Еликсир: -30% на парфемите Dolce & Gabbana и Roberto Cavalli

Еликсир парфимерии ви нуди -30% на парфемите Dolce & Gabbana и Roberto Cavalli до крајот на месец Февруари.

Го издвојувам парфемот Dolce & Gabbana The One EDT 50мл, машки парфем со одлична цена од 2890 денари. Ви го препорачувам парфемот Roberto Cavalli EDP 30мл, женски парфем, само за 2200 денари.

- Реклама -

Еликсир: Во февруари -30% на цела палета од производите на BOURJOIS

Еликсир парфимериите и во месец февруари ве изненадуваат со  -30% попуст на цела палета од производите на BOURJOIS!

- Реклама -

Еликсир: Цветна експлозија од Viktor & Rolf Flover Bomb за само 2525 денари

Елискир: Цветна експлозија од парфемот Viktor & Rolf Flover Bomb која нема да ве остави рамнодушни, Viktor & Rolf за само 2525 денари во Еликсир парфимерии

- Реклама -

Еликсир: -30% намалени цени на омлените пудри

Еликсир парфимерии ве изненадува со -30% намалени цени на омлените пудри. Промоцијата продолжува до крајот на месец Февруари! Сега можеш да заштедиш на омилените пудри!

- Реклама -

РЕЦЕНЗИЈА: Genifique Youth Activator тајната на мојот младешки изглед!

serum za lice mk

Повеќе години наназад употребувам anti-aging производи за нега на кожата на лицето. Можете да бидете сигурни дека користењето на anti-aging третманите за мене претставува најголема грижа кога станува збор за производи за нега на кожата на лицето!

Но, еден судбински ден од 2013 година, Lancome го презентира својот “херој” во ешалонот на производи и го воведе Advanced Genifique активаторот на младоста.

Ги забележав рекламите на Advanced Genifique во списанијата, со месеци и месеци го пратев овој производ, многу се информирав за него и кога беше прогласен за најдобар серум, мислев… сигурно сите овие жени кои го користеле не згрешиле!

Камен-темелник на козметиката за подмладување!

Genifique serum za lice
Advanced Genifique познат како “малото црно шише”

Со појавувањето, Advanced Genifique беше крунисан како камен-темелник на козметиката за подмладување, со неверојатно голем број на признанија како ниеден друг производ, Advanced Genifique добиваше аплаузи низ целиот свет, а за повеќето тој едноставно е познат како “малото црно шише”, кое зрачи со елеганција и дава чувство на мистерија.

Lancome на својата веб страница ветуваше дека Genifique Youth Activator ја оживува активноста на гените и го стимулира производството на протеините на младоста. Кожата видливо ќе биде подмладена за само 7 дена. Капка по капка од активаторот на младоста, кожата ќе се врати во  животот. Полна со младост, кожата ќе изгледа оживеана од внатре – неверојатно блескава. Ќе и биде вратен  квалитетот од младоста: мека и кадифена на допир. Тенот ќе биде извонредно изедначен, а текстурата драматично поправена.

Баш тоа ми требаше!

За среќа, почнав да го користам Lancome Advanced Genifique неколку месеци пред еден голем настан за мене. Имав потреба за брзо време да го вратам младешкиот изглед на моето лице. Мојот секојдневен ритуал ме натера да го употребувам наутро и навечер, верувајте го користев религиозно. Главната цел ми беше да ги активирам “гените на младоста ” во мојата кожа и да помогнам да се стимулираат клетките за создавање на младешки колаген.

Дали делува?

Advanced Genifique
Advanced Genifique е како течен, млечен серум

Мора да го спомнам иновативниот дизајн на исконското “мало црно шише” што доаѓа со апликатор со пумпица за полнење, инспириран од истите што се користат во истражувачките лаборатории за прецизно да ја испорачаат совршената доза. Со едно полнење, зазема точен износ на производот за оптимално нанесување на лицето за да се осигурете дека не сте земале повеќе од она што ви е потребно.

Конзистентноста на Advanced Genifique е како течен, млечен серум, воопшто не се чувствува на кожата, лесно се апсорбира. Само неколку мали капки е доволно за целото лице и вратот. Се шири како сон,  во рок од една минута серумот целосно се апсорбира во кожата. Значи, добив мека, хидрирана кожа и се чувствувам навистина добро откако го нанесов серумот. Можам да потврдам дека добро функционира на мојата комбинирана кожа, но ве уверувам дека е совршен и за сува кожа поради интензивната хидратација, но совршен е и за мрсна кожа, како резултат на супер-лесната текстура и чувство на кожата. Advanced Genifique е моќен серум против стареење кој во составот е без парабени, сулфати и фталати, така што сите кои имаат чувствителна кожа можат безбедно да го користат.

Advanced Genifique можеби нема да ви треба ако сте во вашите 20ти години, но никогаш не е премногу рано да започнете со anti-aging третмани. Кај мене, првото нешто што можам да го кажам за овој производ што најмногу се истакнува е драматичната разлика во текстурата на кожата на лицето. Сигурна сум дека сето ова е благодарение на мојата рутина со Lancome Advanced Genifique, која ми помага да го одржам младешкиот изглед на мојата кожа и ми ја дава аурата која е толку посакувана од мене, но верувам и од сите жени!

Се чувствувам свежо, а тоа некако се пресликува во сите други аспекти од мојот живот, што ми дава дополнителен поттик без разлика што правам!

Најдобриот дел?

Без оглед на тоа каков е вашиот режим за нега на кожата, Advanced Genifique може да се додаде во вашите навики, а тоа дури ја зголемува ефикасноста на другите производи за нега на кожата до три пати! Може да се користи со сите постоечки производи за нега на кожата.

Дали сум целосно убедена во овој изум на Lancome?

Можеби, но ќе продолжам да го барам следниот магичен серум! Рака на срце, морам да кажам дека Lancome Advanced Genifique ја докажа својата ефикасност во активирањето на визуелните знаци кои ја карактеризираат младешката кожа.

Кои се тие? Фини линии без груби брчки, сјај, природен изглед, а при допир: младешка текстура, еластичност, хидратација, цврстина и затегнатост!

serum za lice mk
Решение за жените кои сакаат да изгледаат помладо

Затоа со сигурност тврдам дека Lancome Advanced Genifique, е првиот и суштински чекор во негувањето на кожата на лицето, тоа е решение за жените кои сакаат да изгледаат помладо.

Планетарниот успех на овој производ е пропорционален на неговите исклучителни перформанси. Овој серум само за 7 дена дава видливи резултати, а продолжената употреба ја зголемува ефективноста на активаторот на младоста.

Advanced Genifique сè уште привлекува нови корисници ширум светот, а според некои податоци дури 85% од жените кои го пробале имаат намера повторно да го купат.

На крајот на краиштата, никој не може да каже “не” на магична напивка на младоста, нели?

Оваа љубовна приказна ќе трае долго време…

- Реклама -

Еликсир: -30% попуст на Bourjois руменило

Еликсир парфимерии ви нуди -30% попуст на Bourjois руменило. Постигнете подигнати јаболчници со само едно четкање на образите и мирис на роза кој трае во текот на целиот ден!

- Реклама -

Канцелариски мејкап изглед за 5 минути!

шминкање за 5 минути

Вашиот утрински ритуал за шминкање може да биде ефикасен и ефективен со советите кои ќе ви ги презентирам. Ќе постигнете мејкап изглед на кој вашите колеги ќе завидуваат и тоа само за 5 минути!

Лесна основа!

Користете течна пудра со формула што ја знаете, бидејќи ви обезбедува брзина и сигурност за време на нанесувањето. Фокусирајте се на масните предели на лицето и оние црвените, околу носот и брадата. За подочниците каде е потребно поголемо покривање, користете коректор и тапкајте го со прст за убаво да се изблендира и да изгледа природно.

шминкање

Природно руменило!

За да постигнете природен изглед на румени образи, изберете руменило со кремаста текстура. Тоа ќе создаде младешки израз и лесно се нанесува само за неколку секунди. Најдобро е да го изблендирате  со прсти, бидејќи топлината на вашето тело совршено ќе го стопи на вашата кожа. Никогаш не го нанесувајте директно на вашето лице, туку прво на вашата рака, а потоа со прсти или четка, како сакате повеќе.

канцелариски мејкап изглед

Полни веѓи!

Геловите за веѓи се најдобрата опција, бидејќи тие даваат густина, изедначеност и само со едно нанесување ги држи веѓите на место цел ден. Изберете нијанса која одговара на вашите веѓи, бидејќи дополнително ќе ја нагласи бојата и ќе ги пополни празнините. Сепак, транспарентен гел ќе ја заврши работата ако не можете да ја пронајдете соодветната нијанса.

канцелариски мејкап изглед

Отворен поглед!

Блескава боја на шампањ, нијанса на праска и светли-неутрални нијанси ќе го отворат вашиот поглед и ќе направат очите да изгледаат будно. Изберете кремаста долготрајна сенка и нанесете ја со прст врз очниот капак, сé до прегибот. Потоа земете ја омилената маскара и нанесете ја со цик-цак движењата од коренот до врвот на трепките.

шминкање

Совршени усни!

Ако го игнорирате транспарентниот сјај за усни, со кој нема грешка, кармин во боја секогаш е одличен избор за многу прилики. Обоени усни навистина можат да го подигнат целото лице и да ја заокружат приказната за вашето брзо утринско шминкање. Изберете нијанси малку потемни од природната боја на усните.

шминкање на усни

- Реклама -

Најнови објави